Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

Sinister (2012)

Sinister_poster

Sinister – Најдете си друштво за филмов, ќе ви треба!

 

Зошто да го гледате:

  1. Затоа што е страшен. И тоа страшен на вистински начин, не базиран на крв и колежи тука на атмосфера и приказна.
  2. Ethan Hawke е главна улуга што кажува дека сепак во филмов има и глума. Hawke е веќе докажан како солиден глумец што се потврдува и тука. Самиот тој придонесе кон добрата атмосфера на филмов.
  3. Музика и звучните ефекти беа навистини језиви, невообичаени и најчесто многу правовремени.
  4. Осум милиметарските филмови кои ги наоѓа галвниот лик ја носеа најголемата тежина на филмот. Одлично изгледаа и со нивната архаичност му дадоа на филмот одредена уметничка нишка. На тој начин ми го издвоија Sinister од масата евтини хорор филмови ( и не мислам само на евтини од буџетски аспект).
  5. Како се одвиваше дејствието на филмот така добивав делче по делче од сложувалката која на крајот требаше ја реши мистеријата. На тој начин од почеток до крај бев инволвиран пробувајќи да сфатам што точно се случува. Со други зборови, едно е сигурно а тоа е дека нема да ви биде досадно!
  6. На неколку пати морав да паузирам, да земам длабоко воздух и да продолжам да гледам понатаму. Ама, така е кога се гледаат хорори во 2 наутро.
  7. Морам уште да го напоменам крајот кој за цело време се надевав дека нема да биде таков каков што беше. Не е тоа лош крај но едноставно некогаш не сакате работите да завршат така како што завршуваат.

Зошто да НЕ го гледате:

  1. Проклети пропусти! Зошто мора во секој хорор филм да има некој глуп пропуст кој тотално се коси со разумот?! Во Sinister тоа е недостатокот на светло. Во многубројните ноќни сцени низ куќата никогаш, ама никогаш, не им текнуваше да запалат светло. Разбирам дека тоа е поради напнатоста и дека во темно се е пострашно ама, не е така реално. Реално е дека штом се разбудите ноќе прво нешто што правите е палите светло па после се друго.
  2. Има и други нелогичности, особено во постапките на главниот лик кој многупати влегува во опасност без некаква потреба. Во реалност тоа не би се случило зашто секогаш прво би мислеле на безбедноста на себе и блиските а потоа дури на тоа да откриете што навистина се случува.
  3. Секогаш ми е минус кога филм, особено хорор, работи на веќе позната тема. Добивам престава како сценаристот да земал книга од сумерска митологија го избрал првиот негативец и си рекол „…е за ова ќе правам филм!“. Не можам да кажам дека Sinister поради тоа е лош филм ама основата на филмот е веќе кажана или прочитана некаде претходно. Не нуди ништо ново.
  4. Snuff филмови на 8 милиметарски ленти? Познато? Еве ке дадам сугестија: Nicolas Cage
  5. Sinister нема лесен ниту крај и верувам дека има многумина на кои нема да им се допадне.

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.