Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Jack Reacher (2012)

jack-reacher-poster-international

Бившиот сопруг на Katie Holmes ни доаѓа во улогата на Jack Reacher!

Зашто да го гледате:

  1. Ако обожавате акции ќе саката да го гледате Jack Reacher!
  2. Има интересно сценарио кое на  возбудлив начин го донесува заплетот. Лично ве инволвира во приказната на тој начин што прави да погодувате и да се прашувате што и зашто се случува. Основна одлика на добар трилер.
  3. Супер екипа предводена од Cruise и Rosamund Pike. Тука се и Richard Jenkins, Werner Herzog и Robert Duvall.
  4. Сцени на добра акција, особено делот со брканицата со камарото. Доста фино!
  5. Jack Reacher пробува да е комичен карактер и има доста смешни моменти во филмов. Иако некои од нив се очигледни и неуспешни сепак земено во целина, хуморот внесува доза на потребна свежина во приказната.
  6. Како надоврзување на претходнот, има неколку добри цитати кои задолжително ќе најдат место во базата цитати на Што да гледам?
  7. Крај кој изненадува со тоа што е неочекуван, необичен и како и многу други моменту во филмов, прави да се насмеете. И се тоа се случува во моментот кога мислите дека ќе биде само уште едно клише!
  8. Филмови со снајперисти се секогаш cool работа за гледање!
  9. Ако сте скиентолог, ова е прав филм. Ќе уживате во херојските подвизи на вашето драго пријателче.
  10. Споманв дека Rosamund Pike изгледа одлично? Не? Епа… да!

Зашто да НЕ го гледате:

  1. На моменти е досаден. Таман ќе ве внесе во случувањата и тоагаш следи спора сцен која се развлекува до бескрај. Ама барем имате време за да си направите пуканки без да пропуштите нешто важно.
  2. Веќе видена разврска на работите. Завршната пресметка потсетува на сцена од игри како Delta Force и Ghost Recon. Престрелка во каменолом?! So last century!
  3. Tom Cruise можеби е прав избор за главната улога ама ко да не ми се труди доволно. Некако си го изоде филмот без да проба да глуми и да биде премногу уверлив.
  4. Истата неубедливост ја наоѓам кај главниот негативец. Не можев да поверувам дека таа индивидуа го спровела главниот злосторнички чин, не ми одговараше на профилот!
  5. Како и секој друг акционен филм, и овој си има нелогични моменти во кои не ви останува ништо други туку да замижете и да причеката да заврши сцената.

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.