Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Argo (2012)

241671id1_Argo_Intl_Alt_Advance_1Sheet.indd

Argo F#@k yourself! Oscars, fuck yourself too!

Зашто да го гледате:

  1. Доби Оскар за најдобар филм за 2012.
  2. Добро е да се види како созреал Ben Affleck и како глумец и како режисер и до каде има дотуркано од оној клапчо во Mall Rats.
  3. Раскажува за релативно малку познат историски период па интересно е да се види каква била атмосферата тогаш.
  4. Успешно го доловува изгледот на крајот од седумдесетите.
  5. John Goodman е во филмот! Извинете, ама тоа е секогаш причина плус да се погледне еден филм!

Зашто да НЕ го гледате:

  1. Доби Оскар за најдобар филм за 2012. Оскар што апсолутно не смееше да го добие! Арго е нјоптимистички кажано, просечен политичко-историски трилер, ништо повеќе, ништо подобро!
  2. Како трилер е спор, неинтересен и само на кратко возбудлив.
  3. Епилогот е предолг. Непотребно предолг. Како да морале да потполнат време а не знаеле како.
  4. Арго дава холивудска верзија на настаните. Воспева и воздигнува атрактивни херои. Оние вистинските херои, не ги ни спомнува. Според многу извори и коментари, улогата на Канада во целата операција во филмот е минимизирана и занемарена, особено на канадскиот амбасадор, додека во реалноста била клучна и пресудна. Уште еден обид за препишување на историјата се чини!
  5. Нема wow ефект.
  6. Нема убави кадри.
  7. Нема добра музика.
  8. Едноставно, нема ништо од филмов што може да остане во сеќавање.

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.