Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Flight (2012)

flight3

Flight (2012) on IMDb

Flight => Оние кои често возат авион во алкохолизирана состојба, повеќе од сигурно е дека ќе се пронајдат во филмов!

Зашто да се гледа:

  1. Denzel Washington е главна улога! И токму за оваа улога доби номинација за Оскар за најдобар актер во главна роља.
  2. Сценаристот John Gatins доби номинација за Оскар за најдобро сценарио.
  3. Robert Zemeckis е режисерот! Истиот Robert Zemeckis кој, меѓу другите, е одговорен за незаборавните Back to the future (I, II и III), Forrest Gump и Cast Away. А тоа секако не е мала работа!
  4. Flight ретко кого ќе остави рамнодушен кон главниот карактер. Ако му се посветите на филмот, не може а да не пробуди емоции во вас ! Или ќе го сакате или ќе го мразите, некогаш и двете истовремено! Чуства се секогаш добра работа во филм, уште повеќе ако се конфликтни и предизвикаат борба во вас самите.
  5. John Goodman има епизодна улога и е оригинален како и секогаш!
  6. Гледано во целина и од сите аспекти ова е многу солиден филм. Добро изглумен, убаво режиран со на моменти возбудлива приказна.

Зашто да НЕ се гледа:

  1. Не е ова некоја весела и среќна приказна. Алкохолизмот никогаш не е лесна тема а особено не доколку сериозно и се пристапи.
  2. Филмот е далеку поспор и понединамичен од тоа прикажано во трејлерот!
  3. Мислам дека многу поголем впечаток ќе оставеше филмот доколку крајот беше поинаков. Имаше одлична шанса Zemeckis да за „Злосторство и казна момент“ но за жал сосема го избегна и се определил за Холивудската варијанта.
  4. За улогата на Nicole најпрво ја сметале Olivia Wilde а потоа дури се одлучиле Kelly Reilly. Не дека вторава беше лоша ама сепак… да не ја одбереш Wilde е сериозен престап во мои очи! Доволно голем од лутина да се скокне и целиот филм! :)
  5. Иако Denzel Washington имаше Оскар номинација, и покрај тоа што неоспорен е фактот дека е одличен глумец, мене тука не ми беше доволно убедлив. Особено во пијаните сцени! Цело време очекував да се трансформира во ликот од Training Day.

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.