Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

Silver Linings Playbook (2012)

Silver-Linings-Playbook
Silver Linings Playbook (2012) on IMDb

Романса зачинета со доза лудило … буквално!

Зашто треба да го гледате:

  1. Уникатна приказна на чуствителна тема пренесена на едноставен начин близок до публиката.
  2. Двајцата главни актери се одличен тандем и имаат супер хемија!
  3. David O. Russell e одличен режисер кој претходно ни го донесе феноменалниот The Fighter .
  4. Robert De Niro глуми!
  5. Одлична imdb оценка (иако тоа често не мора ама баш ништо да значи).
  6. Сведочења кажуваат дека доследно и веродостојно е отсликан животот на личност со би-поларно пореметување.
  7. Jennifer Lawrence доби Оскар како најдобра актерка во главна улога.
  8. Покрај Оскарот Silver Linings Playbook има освоено 51 други награди и има 56 останати номинации. Пола од нив да биле во право е сосема доволен показател за квалитетите на филмов!
  9. И онака веќе долго време нема романтични драми кои не се патетични, вештачки, премногу тинејџерски или тотално неинтересни! Ова не е ама баш ништо од тоа!

Зашто не би требало да го гледате:

  1. Статистиката покажува дека ако сте на возраст од 30 до 40 години шансата да не ви се допадне филмов е најголема.
  2. Можеби има доза на идеално ама па, за тоа се филмовите! Кога во животот ретко се гледа како коцките идеално се поклопуваат, да го видиме тоа барем на филм
  3. Друга причина не можам да најдам освен ако едноставно не ви се воопшто по мерак романтични драми/комедии.

Еден одговор до “Silver Linings Playbook (2012)”

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.