Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

The Woman in Black (2012)

Layout 1
The Woman in Black (2012) on IMDb

The Woman in Black или Хари Потер во хорор издание!

Зашто да го гледате:

1. Британски филм е. Поточно, станува збор за BBC продукција. Тоа е една од работите по која особено ми се издвојува филмов. Ретко излегуваат хорори од Британија кои не се и комедии истовремено.
2. Затоа што сте огромен обожавател на Хари Потер(?)!
3. Како нехоливудски филм има и нехоливудски крај. Можеби за нијанса очекуван но сепак добар и посакуван
4. Локациите во филмот се одлчини, особено за оние обожаваат Британска меланхолија. Многу добро опкружување за хорор филм.
5. Солидно се на се!

Зашто не би сакале да го гледате:

1. Хари Потер не го бива за глума. Според мене тој беше убедливо нај слаба страна на филмов. Премногу здрвено, вкочането, безизразно…
2. Сепак е уште еден филм за куќа со духови? Колку и да е различен, суштински сепак е ист со сите останати. Незавршени работи бла бла бла
3. Има неколку искарикирани сцени со жената во црнина! Повеќе ми беа смешни отколку страшни.
4. Нема да е крај на светот ако го пропуштите. Нема ништо монументално како хорор филм. Верувам дека брзо се заборава.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.