Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Possession (2012)

The_Possession_Poster

Година: 2012
Оригинален наслов: The Possession
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 92 мин.
Главни улоги: Natasha Calis, Jeffrey Dean Morgan, Kyra Sedgwick, See full cast & crew
Оценка: 6

The Posession – За нијанса поинакво опседнување.

Зашто да го гледате:

  1. Затоа што обожавате приказни за опседнување со натприродни … нешта!
  2. Затоа што сакате да видите нешто поинаква основа на стандардната приказна за опседнување кога воглавно тоа е ѓаволот, синот негов, прв братучед од тетка или нешто слично.
  3. Затоа што The Possession е рекламиран како „Снимен според вистинска приказна“. Иакотоа најверојатно е бидејќи приказната за Dibbuk која е во основата на филмот е постоечка приказна од хебрејска митологија а не нешто специјално измислено за филмов.
  4. Затоа што сте љубител на Supernatural! Таткото на Винчестерови е главна улога тука а и целата приказна потсетува на епизода од Supernatural.
  5. Поради добриот постер.
  6. Поради солидниот иако малку спор почетен половина час, поради добрата музика и звучни ефекти и поради релативно добрата камера (особено добри ми беа кадрите од птичја перспектива).

Зашто да не го гледате:

  1. Затоа што целата приказна потсетува на епизода од Supernatural!! Супер е тоа што за основа го земале Dibbuk-от меѓутоа можеле да изградат далеку помоќна приказна кога веќе имале така солидна основа. Таа што ја имаат напревено е едвај просечна.
  2. Затоа што The Possession не е ништо посебно. Не нуди ништо ново или ревулиционерно на под-жанрот а камо ли па на целиот хорор жанр.
  3. Затоа што претходната причина е посилна од сите причини зашто да го гледате.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.