Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Snow White and the Huntsman (2012)

Година:
Оригинален наслов:
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги:
Оценка: 6

Филмов е преработка и поинаков поглед на на сите добро познатата приказна за Снежана. Ги има тука сите елементи, лошата кралица, Снежана, џуџињата, јаболкото но сите се поинаку подредени и организирани во поглед на оригиналот. Рака на срце, идејата е интересна. Да се даде нота на фантазија на оригиналот и да се воведат популарни и модерни моменти од типот на тролови, мрачни војски дојдени од друг свет и црна магија е одличен потег кој потенцијално можел да повлече голема публика. На тоа помага и добрата кинематографија која на моменти дава навистина прекрасни кадри, богати со боја и детали. Истите навистина знаат да ја нагласат атмосферата и контрастот на светот на злобната кралица и се останато среќно и позитивно.

Но ако помисливте дека се ова прави  Snow White and the Huntsman да биде добар филм, се лажете. Бидејќи Snow White and the Huntsman има грешки преку кои едноставно не може да се помине. Една од нив е самиот тек на приказната. На моменти нема континуитет, се губи чуството за време и како гледач не можеш да знаеш колку поминало од кадар до кадар? Минута? Месец? Година? И тоа дава лошо чуство на исецканост и чуство дека филмот е само збир од нафрлани сцени. А не треба да е така.

А си има и интересни моменти филмов, не дека не…

Сепак, најголем проблем на филмов е кастингот. Кој морон најголем сметал дека Kristen Stewart ќе биде добра како Снежана?! Девојката е грда, има ладно лице кое и во најдобрите моменти е со изрезбани подочњаци, скоро и да не знае да се смее, има машки глас,  остава впечаток на блага ретардираност или блага ментална настраност и згора на се апсолутно не знае да глуми. И тоа е фрлено како конкуренција на Charlize Theron како злобната кралица?! Виц на годината! Моментот кога огледалцето и кажува на кралицата дека  Kristen Stewart е поубава од неа ме насмеа до солзи. И тоа е главната неопростлива грешка на филмов.  Charlize Theron е прекрасна, глуми одлично и трансформациите и сцените во кои е она се без конкуренција најдобрите во филмов! Како резултат на тоа, од почеток до крај на филмов, многу луѓе ќе навиваат токму за неа. Тотално промашена тема.

Најубавата(?) Снежана!

На крај вреди да се спомен ловџијата и џуџињата кои се интересно замислени иако за доза неуверливи. Chris Hemsworth се однесува ко едвај да чека да се врати во улогата на богот Тор па се ова му е малце преголемо малтретирање.  Уште едно делче во општата слика на лоша реализација на едно одлична идеја.

 

Еден одговор до “Snow White and the Huntsman (2012)”

  1. maja.todoroska says:

    Hahahaha I cannot agree more:)
    Epten e ruzna stvarno i ic ne lici na Snezana, ne e takva raskoshna zanosna…i na seto toa da ne ubeduvaat deka nekoja kako Sharliz ke razvie ljubomora kon nea?! wtf:)
    Plus, Kristin Steward ako zaspie i ceka nekoj da ja poljubi da se razbudi…ke si doceka :D

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.