Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Avengers (2012)

Година: 2012
Оригинален наслов: The Avengers
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 49 мин.
Главни улоги: Robert Downey Jr., Chris Evans, Scarlett Johansson, See full cast & crew
Оценка: 9

Е ова е пример за вистински блокбастер! 77мо место на IMDb, 3то место по заработувачка во свет, филм што најбрзо заработил 100, 150, 200, 250, 300, 350, 400, 450 и $500 милиони, втора најдобра премира и прва најдобра премиерна недела според заработувачката! А и како не би го постигнал сето тоа? Сите херои на едно место а тоа значи и целиот талент и харизма кои што ги имаат главните протагонисти сплотени заедно. Засебните филмови за некои од хероите (Iron Man, Thor, Hulk, Captain America) имаат заработено огромни суми а не па вака, кога сите заедно. Но не се само глумците и хероите причина зашто Avengers е толку успешен. Филмот е навистина, неверојатно забавен!

Што се однесува до приказната нема што многу да се објаснува, Локи, братот на Тор и објавува војна на планетата Земја желен за одмазда. И тоа е тоа. Прилично едноставно. Сепак, таа е  доволно заплеткана за да биде интересна и да ве натера да погодувате што би можело да се случи на крајот. Нема да бидат разочарани ни најненаситните љубители на акциони сцени затоа што такви изобилуваат од почеток до крај! А за да не биде се само бесмислено уништување, дијалозите се направени да бидат паметни, саркастични и одлично одглумени. Филмот изобилува и со бројни комични моменти кои само го подобруваат општиот впечаток од ова блокбастер ремек дело.

Целата екипа!

Ако сте оние кои бараат уметност во филмовите, длабоко значење, вонвременски вредности и ако очекувате да бидете трогнати, слободно побарајте друг наслов. Ова не е за вас. Но ако барате забава, сте направиле вистински избор. Филмов е дефиницја за тоа. Вториот дел треба да дојде 2015 а ја со нетрпение уште сега го очекувам.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.