Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Fright Night (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Fright Night
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 106 мин.
Главни улоги: Anton Yelchin, Colin Farrell, David Tennant, See full cast & crew
Оценка: 5

О ва е преработка на истоимениот филм од 1985 година. Приказната е за вампир кој се доселува во комшилукот и кој од луѓето ќе започне да прави армија следбеници. Планот ќе му го расипе, како што и секогаш бива, едно од комшиските деца.

Fright Night е во најмала рака просечен. Да не знаев англиски ќепомислев дека преводот на насловот е „Ноќ на медиокритети“. Среќа што колењето вампири е така модерна тематика последниве 100 години инаку веројатно и немаше да ми текне да го гледам. Ниту фактот што извиканиот Colin Farrell е во главна улога не му помага многу-многу на филмов. Поради неговото присуство може само добива на популарност кај понежниот пол но не и многу повеќе од тоа. Од вампирски аспект, не е претставено ништо ново. Се е веќе видено, кажано, раскажано и сосема познато. Не знам ни зашто останав да го догледам до крај. Можеби поради истата непозната причина која ме тера секој ден да го посетувам тиме.мк иако знам дека се што ќе најдам се глупости. Надежда последна умира. Така и јас ќе продолжам да се надевам дека можеби ќе се појави хорор за кој е вредно да се одвојат 90тина минути.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.