Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Newsroom

The Newsroom е најновата HBO серија која само што ја заврши својата прва сезона. Приказната е за одделот за вести во голема медиумска коорпорација кој се бори да остане непристрасен и објективен наспроти огромните политички притисоци. Нешто како вестите на A1  да се решеа да прават вистински вести. Впечатокот кој го остава серијава низ десетте епизоди колку што ги има е феноменален. Приказните се забавни, непредвидливи и извонредно паметни. Ликовите се смислени и длабочински и широчински. Има по еден лик за секој да може да се заљуби и да си најде причина да ја очекува наредната епизода. Финалето на сезоната на tv.com доби неверојатни 9.4 од 10 што значи дека голема публика нетрпеливо ќе го очекува почетокот на втората сезона.

Виновник за серијата е Aaron Sorkin кој е главниот продуцент. За неговиот квалитет зборат серии како  Studio 60 on the Sunset Strip и The West Wing. Ако тоа не е доволно како резиме, тој е сценарист и на филмвите Moneyball, Charlie Wilson’s War и The Social Network. Во главните улоги се појавуваат Jeff Daniels како Will McAvoy и Emily Mortimer како Mackenzie MacHale. Сигурен сум дека некој од нив ќе се закити со некаква награда за серијава како доказ на тоа колку се само добри. Но ако продолжам да ги редам сите глумци кои добро се покажале во серијава ќе ми треба доста простор. Можеби ќе е богохулење но поставата на The Newsroom е подобра и од онаа на House M.D.

Ако не знаете ништо за политичкиот живот во САД, ако ве мрзи да мислите и ако не сакате паметни серии, ова не е за вас. Сите останати ќе бидат многу почестени од The Newsroom. Гледајте ја.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.