Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

God Bless America (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: God Bless America
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 105 мин.
Главни улоги: Joel Murray, Tara Lynne Barr, Mackenzie Brooke Smith, See full cast & crew
Оценка: 9


Ваша оценка: 

Ова е приказна за чуден сојуз помеѓу средовечниот Frank и 16 годишната Foxy. Frank e бесен на светот. Здодеано му е од трулежот и неморалот во општеството, од неправдите, од злобните луѓе, од угнетувањата, од идиотизмот кој ни се сервира во медиумите. Кога ќе дознае дека има тумур во мозокот кој во секој момент може да му го заврши животот решава да ги истреби сите оние кои што смета дека залудно го трошат кислородот на планетава. Тогаш ја среќава и Roxy.

God Bless America е контраверзен бунт против денешницата. Frank сосема објасниво е револтиран од се што се случува во светот. А како и не би бил кога се глорифицираат и подржуваат сосема погрешни вредности и кога се слават мрзливите и неправедните. Но тогаш и тој самиот станува дел од тој неморал со што тргнува самиот да биде судија, порота и изврштел. А не извршува ништо освен смртна казна. Се друго е едноставно недоволно. Во процесот на свесното остварување на својот план тој ќе убие десетици луѓе, ѕвезди од реалити шоуа, политичари, екстремисти, идиото кои погрешно паркираат. На крај се ќе кулминира на сцената на нешто што треба да е American Idol. Врв на величењето на дното.

Foxy e една прекрасна млада девојка. Бунтовна, дрска, на моменти вулгарна но истовремено и безобразно храбра. Foxy е светлосни години пред нејзините врсници. Во мои очи, таа не беше ништо друго отколку алтер его на Frank. Таа е се што тој никогаш не можел да биде. За цело време таа е иницијалната каписла за многу од неговите постапки.

Контраверзна но интересна приказна. Удира силно и долго останува во глава. После филмот со недели ќе правите списоци на луѓе кои едноставно би сакалае да ги снема. Најголемата дилема е кој да биде на прво место? Некоја Карабатич, некоја Целзиус, некој политичар, комшијата што го моча кучето во вашиот тревник? Идеи до бескрај.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.