Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Од темниот ум на Tim Burton

Во последната четвртина од оваа година ќе бидеме почастени со уште еден филмски производ oд темниот ум на Tim Burton на Tim Burton. Анимираниот Frankenweenie иако на прв поглед толку сличен со досегашните филмови на Burton ќе биде по една работа многу поинаков, во него нема да учествуваат ниту Johnny Depp ниту пак неговата муза Helena Bonham Carter. Во исчекување на филмот останува само да се потсетиме на три значајни моменти од кариерата на Burton кои му донесоа светска слава. Иако е режисер на многу познати и култни филмови овие три ги избрав пред се поради тоа што за нив ја има напишано приказната.

 

Edward Scissorhands (1990)

Година: 1990
Оригинален наслов: Edward Scissorhands
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 105 мин.
Главни улоги: Johnny Depp, Winona Ryder, Dianne Wiest, See full cast & crew
Оценка: 8

Приказната за човекот со ножици наместо раце е истовремено чудна, вознемирувачка и неверојатно трогателна. Edward од неговиот сив свет е сместен во разнобојниот свет на неговото соседство. Но се чини дека боите се само маска. Сивилото на Edward чува далекупобогата суштина во споредба со луѓето што секој би ги сметал за нормални. Единствено младата Kim ќе успее да ја види убавината позади сивото лице прекриени со лузно. Она што ќе го види ќе биде доволно да се заљуби во Edward и после долги години да ја раскаже оваа трогателна приказна.

Не е ова лесен филм и секако не е за секого но има преубав крај за кој вреди да се издржи.

The Nightmare Before Christmas (1993)

Година: 1993
Оригинален наслов: The Nightmare Before Christmas
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 76 мин.
Главни улоги: Danny Elfman, Chris Sarandon, Catherine O'Hara, See full cast & crew
Оценка: 10

Култниот филм на Burton. Приказната за Jack Skellington, градоначалникот на Halloweenтown, кој ќе случајно ќе залута во Christmas Town и не така случајно ќе го киднапира Дедо Мраз. Исклучително интересна и иновативна љубовна приказна претставена преку прекрасна стоп анимација и изобилство од музички сцени. Иако анимација, не би рекол дека ова е филм за деца. Атмосферата е мрачна и темна и содржи сцени кои за некого би биле вознемирувачки. Мрачниот хумор само ја надополнува целата слика. Macabre би бил правиот збор како опис за филмов.

Како и во Edward Scissorhands повторно има сцени на контраст помеѓу бои и сивило. Burton како да е поборник за правата на оние во сенка, во сиво, оние кои сите ги сметаат за чудни, настрани и надвор од вообичаеното. Како да сака да покаже дека и они имаат душа, и срце и премногу љубов во себе. А има љубов во филмов. Тaа е главната водилка на настаните. Главниот женски карактер е Sally која многу потсетува на Kim од Edward. Преку вметнување на вакви типични карактери Burton го остава својот авторски печат. Женските карактери во неговите филмови се добар пример за тоа. Нежни, грациозни, па дури и некако лесно кршливи но сепак, сите, и без исклучок со многу љубов во своите срца.

The Nightmare Before Christmas е мрачен но бескрајно убав и интересен. Еден од филмовите кои ги одбележаа филмско богатите 90ти.

Corpse Bride (2005)

Година: 2005
Оригинален наслов: Corpse Bride
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 77 мин.
Главни улоги: Johnny Depp, Helena Bonham Carter, Emily Watson, See full cast & crew
Оценка: 8

Последната стоп анимација на Burton за која чекавме цели 12 години. Транзиционен период во кој тој својата дотогашна муза Lisa Marie ја замени со Helena Bonham Carter. Во истиот тој период се крчкала и спремала неговата најнова мрачна приказна. Младоженецот вежабајќи го брачниот завет несакајќи и предлага брак на мртва невеста. Таа не чека многу за да му го прифати предлогот и да го земе со себе во светот на мртвите. Во филмов повторно се присутни многу типични елементи. Играта со бои, женските ликови, настраниот хумор, љубовната приказна, готиката. Сето тоа фино и убаво срочено, исткаено со добра музика и одлични музички сцени. Уживање за љубителите на невообичаеното. Ако по нешто треба да се издвои Corpse Bride тоа е секако по хуморот кој тука е присутен во речиси секоја реплика. Интересно доживување од почеток до крај.

Филмовите на Burton не се за секого. Но кој ќе успее да погледне подлабоко од мрачната фасада ќе види големо богатство од значења и убави емоции. Но зар тоа не е општо животно правило?

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.