Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Evidence (2011)

Година: 2012
Оригинален наслов: Evidence
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Ryan McCoy, Brett Rosenberg, Ashley Bracken, See full cast & crew
Оценка: 6


Ваша оценка: 

Првата помисла кога почнав да го гледам филмов ми беше „Зарем уште еден Blair Witch?!“. Нема број колку слични филмови излегоа од тој тип. Може дури и посебен камера хорор жанр да се создаде. За голема жал речиси ниту еден од нив не успеа да го надмине оригиналот. Сите се само евтини глупи копиии кои пробуваат да се прослават на база на нечија туѓа креативност. Од тие што ги имам јас обработено Noroi може да се каже дека е доста успешен и солиден хорор додека пак Grave Encounters е целосно промашување.

Evidence не почна ништо подобро од тоа. Кампери во шума со камерата во рака. Многу пати видено и досадно. Среќа глумата не беше така лоша па успеав некако да издржам до средина. Е тука веќе работите почнуваа да се менуваат. Можеби не на подобро но секако на поинтересно. Многу од случувањата излегуваа од познатата матрица и беа доволна причина да се продолжи и понатаму со гледање.  Расплетот беше навистина чуден со еден куп „што по ѓаволите моменти“ а крајот беше многу неочекуван. После филмот веројанто  ќе ве остави да размислувате и да полемизирате околу можни варијанти за тоа што точно се случило.  Токму расплетот на Evidence му дава доза на свежина и прави да отскокне од многуте слични филмови. Можеби не е доволно добар да го препорачам на пошироката публика но секако треба да го видат љубителите на хороро филмови.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.