Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Coriolanus (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Coriolanus
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 123 мин.
Главни улоги: Ralph Fiennes, Gerard Butler, Brian Cox, See full cast & crew
Оценка: 7

Да знаел какви расипани умови ќе го полнат светов денеска, Шекспир секако немало да напише драма која содржи anus во својот наслов. Французите биле до толку револтирани од насловот што дури и ја забраниле. Ма нема врска! Точно дека ја забраниле во 30тите години, но поради тоа што била користена од фашистичкиот елемент. Со тоа таа е едно од ретките литературни дела забранувано во демократска земја.

Филмов е направен на база токму на истоимената драма. Иако дејствието е сместено во денешно време, со модерни војници, воена опрема и модерни акциони сцени, филмот ги задржува сите оригинални имиња од книгата. Покрај тоа и дијалогот е неизменет, оставен е оригинален, шекспировски. Тоа се има одразено на филмот на неколку начини. Приказната е паметна, длабока со неверојатно интересни поенти кои секако поттикнуваат на размислување. Единствен проблем со неа е што е малку тешко да се следи поради дијалогот кој е верен на оригиналот.

Модерен Coriolanus

Глумата е добра до тој степен што филмов може да се дели како лектира за 90% од холивудските глумци. Сите од екипата беа одлични, дури и Butler за кој имав сомнежи, но Ralph Fiennes беше едноставно маестрален. Ко да се задржало на него нешто од ликот на Оној чие име не треба да се спомнува. Изгледаше исклучително застрашувачки на моменти. Да се наежиш. За пофалба е и Vanessa Redgrave ама тоа е сосема одвишно да се каже. Жената има 100 години искуство како глумица, и доаѓа природно да биде феноменална.

И тоа е, ако сакате добро изглумена политичка акција снимена низ познати сцени од северното ни соседство, повелете, почастете се со Coriolanus!

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.