Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

John Carter (2012)

Година: 2012
Оригинален наслов: John Carter
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 132 мин.
Главни улоги: Taylor Kitsch, Lynn Collins, Willem Dafoe, See full cast & crew
Оценка: 7

John Carter е работен според роман на Edgar Rice Burroughs, човекот што на светот му го подари ликот на Тарзан. Како Burroughs успеал пред точно 100 години да создаде научно фантастична приказна која до ден денешен по иновативноста е надмината од многу малку други, мене не ми е јасно. Секако дека станува збор за литературен гениј со фантазија која не познава граници на досетливоста.

За екранизацијата на филмот главно е одговорен Andrew Stanton кој е и режисер и делумно сценарист. Ова е прв негов филм… или барем вистински филм. Претходно е веќе значајно прославен со неговите два анимирани филма , прекрасните Finding Nemo и WALL-EAndrew Stanton може да се пофали со тоа што на Дизни за филмов му потроши прилично многу пари или приближно 250 милиони долари од кои филмот не успеа да врати ни половина преку заработувачката. Можеби ќе му дозволат да го поправи учинокот во наредните продолженија кои секако ќе ги има. За 11 напишани книги нелогично е да се направи само еден филм.

Ете на што отишле парите!

Што се однесува до самиот филм, мене целосно ми ги исполни очекувањата. Особено бев задоволен што можев да го погледнам во кино Милениум и тоа во . За разлика од претходното мое искуство,  The Darkest Hour, ова беше значително подобро. Се гледа дека филмов бил правен и наменет за . Како таков изобилува со прекрасни моменти кое буквално ве нурнуваат во самото дејство на филмот.

Некаде прочитав дека John Carter наликува на микс од Star Wars, Gladiator, Sherlock Holmes и Prince of Persia. За жал или за среќа, тоа и не е далеку од вистината бидејќи има навистина елементи кои неизбежно потсетуваат на горе спомнатите филмови. Сепак, приказната е доволно интересна и акцијата доволно динамична едноставно и да не ви грижа. Кога на тоа ќе се додаде дека филмов е навистина визуелно извонреден, заборавате на се и уживате во она што е пред вас. Нормално дека нема да најдете универзални пораки, длабоки вистини или неповторлива глума. Поентата на John Carter е да биде интересна, динамична и комплексна авантура. Во тоа успева 100%.

Ако на нешто морам да најдам замерка тоа секако е на главниот женски лик. Можеле да направат далеку подбар избор од неа. Едноставно Lynn Collins ми штрчи во секоја сцена во која ќе се појави.

Толку од мене. Вие, одете во кино, гледајте го филмов и уживајте.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.