Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Grave Encounters (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Grave Encounters
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 92 мин.
Главни улоги: Ben Wilkinson, Sean Rogerson, Ashleigh Gryzko, See full cast & crew
Оценка: 4

Кога веќе се направи Blair witch project и кога се направија уште десетина филмови во тој стил и уште толку во кои главната приказна е за пореметен доктор или пациенти во ментална институција, не знам зашто уште има потреба да се прават филмови како Grave Encounters ? Приказната е за филмска екипа која преноќува во поранешна ментална институција со цел да ги документира наводните паранормални случувања. Како да беше тешко да се претпостави, тие случувања не се само наводни но и многу реални и филмската екипа ќе стане најновата жртва на старата зграда.

Во основа Grave Encounters  има одлична идеја и со оглед на нискиот буџет и релативно аматерската екипа, остварувањето и не е така лошо. Згора на се, нуди и неколку навистина страшни моменти. Но сето тоа е веќе видено, веќе направено, изведено и снимено. Зашто потребата од копии? Филмов не нуди ама ништо оригинално.

Произлезе само едно добро од тоа што го гледав филмов. Ме потсети на Session 9 и неговото одлично мото, Fear is a place. Е тоа веќе е одличен хорор. Само, тоа е приказна за некој друг текст.

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.