Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

L.A. Confidential (1997)

Година: 1997
Оригинален наслов: L.A. Confidential
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 138 мин.
Главни улоги: Kevin Spacey, Russell Crowe, Guy Pearce, See full cast & crew
Оценка: 8

Секс, дрога, валкани полицајци, чест и правда. Сето тоа на едно место, во градот на ангелите во 50тите години во на минатиот век. Период кога градот само навидум бил под контрола. Период кога не се правело разлика помеѓу полицајци и криминалци, високи фунцкионири и мафиаши и кога секој можел да биде купен. Период кога Лос Анџелес бил се освен град полн со ангели.

Филмот започнува со нарацијата на еден новинар на жолтиот печат. Тој вели:

Come to Los Angeles! The sun shines bright, the beaches are wide and inviting, and the orange groves stretch as far as the eye can see. There are jobs aplenty, and land is cheap. Every working man can have his own house, and inside every house, a happy, all-American family. You can have all this, and who knows… you could even be discovered, become a movie star… or at least see one. Life is good in Los Angeles… it’s paradise on Earth.” Ha ha ha ha. That’s what they tell you, anyway.

Од тука продолжува да се раскажува за сплетките на интригите кои ги опкружуваат група на полицајци и детективи. Кога ќе се случи повеќекратно убиство во кое настрадува и еден полицаец сите тие ќе бидат ангажирани за неговото решавање. Но само двајца од нив, навидум сосема спротиставени, ќе бидат решени да одат до крај со истрагата без разлика за цената што треба да ја платат за октритието. Приказната во првата половина на филмот е исцепкана и неповрзана. Се случува на подолг период и остава впечаток дека е дури и спора. Но токму во моментот кога темпото паѓа можеби и на најниско ниво се случува и пресвртот. И тоа е пресврт силен како срцев удар. Сосема изненадувачки и ненадеен, поставен е во момент кога можеби и најмалку се очекува. Токму тоа му ја дава силината на L.A. Confidential и е неговиот втор најголем адут. До крајот, приказна стрмоглаво се расплетува со многу акција и многу огнено оружје… барем за тој период.

Сите се на продажба

Сите се на продажба... и добриот и грдиот и лошиот!

Првиот најголем адут на филмов се секако актерите и нивната глума. Филм со Kevin Spacey, Russell Crowe, Guy Pearce, James Cromwell, Kim Basinger и Danny DeVito не можат а де не биде добар! Да им дадеш да изглумат претстава за во градинка па луѓево би направиле да изгледа феноменално. Можеби не се дел од лепотаните на холивуд (со исклучок на Kim секако) но имаат талент за извоз. И тука го користат стоп процентно.

Сето горе наведено прави L.A. Confidential да биде еден од подобрите холивудски трилери. На тој план стои рамо до рамо со Se7en, Fight CLub и The Usual Suspects … или е можеби само малку понизок… за нијанса.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.