Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Ides of March (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: The Ides of March
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 101 мин.
Главни улоги: Paul Giamatti, George Clooney, Philip Seymour Hoffman, See full cast & crew
Оценка: 8

Во март и кога изборот на демократски кандидат за претседател во САД е во својот најголем ек, скоро и да нема филм кој е посоодветен за гледање. Приказната е за валканите игри и борбата на двајца, се разбира фиктивни, демократски кандидати за тоа кој ќе биде наредниот претседателски кандидат. Го прикажува валканиот свет на политиката во кој секако нема лесни битки. Никој не е сигурен, никој не е мал играч и со вистинските потези секој може да победи секого. Но главната порака е дека во политиката никој не е чист. Кој идеалистички влегол во неа или ќе научи да плива во матните води или ќе биде исфрлен како мртов труп после поплава.

пирова-победа

Разликата помеѓу победа и пирова победа!

Покрај приказната, другата јака страна на The Ides of March се звучните имиња, и пред и позади камерите. Ryan Gosling, Philip Seymour HoffmanPaul GiamattiEvan Rachel Wood и Marisa Tomei не се само славни луѓе на Холивуд но и се докажано добри глумци. Меѓу нив има двајца добитници на Оскар и уште еден со номинација. Тоа не е малку и тој талент се гледа во филмов, евидентен е од секој аспект, во секој диалог и секоја интеракција. Талентот е сеприсутен и прави филмов да е навистина одличен од тој аспект. Речиси без грешка и без фалинка во однос на презентацијата и изведбата. Како еден од сценаристите, еден од извршните продуценти, еден од главните актери и секако режисер на филмов е George Clooney. Тој е тивката ѕвезда на овој филмски проект кој како доказ за својата добра работа позади камерите беше номиниран аз Оскар, BAFTA и Златен Лав во Венеција. Се надевам само дека ќе продолжи да не убедува дека како режисер е далеку подобар отколку како глумец.

Тим од соништата!

Тим од соништата!

Филмов би го препорачал на секого. Одлично напишан, осмислен и уште подобро изрежиран и изглумен. Особено би бил актуелен во едно наше секојдневие удавено во политика.

За крај, за оние кои што не знаат, под терминот Ides of March или на латински Idus Martiae се подразбира денот кога бил убиен Цезар. Подобар наслов на филм одамна немало.

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.