Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Game (1997)

Година: 1997
Оригинален наслов: The Game
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 8 мин.
Главни улоги: Michael Douglas, Deborah Kara Unger, Sean Penn, See full cast & crew
Оценка: 7

Веднаш по еден од најдобрите трилери на сите времиња, Se7en од 1995, режисерот David Fincher истапува со The Game, уште еден феноменален филм само две години подоцна. Во него се работи за мултимилионерот Nicholas Van Orton кој на подарок од својот брат добива покана за учество во чудна игра. Идеата е играта малку да го оттргне од неговиот живот посветен на работата во кој тој станува се поотуѓен, посуров и побесчуствителен. Но не поминува долго време пред да се покаже дека играта е далеку поопасна од она на кое што Van Orton се надева на почетокот. Таа постепено ќе почне да му го превзема целиот живот.

The Game има интересна и возбудлива приказна која ќе ве остави да погодувате до самиот крај што навистина се случува. Атмосферата е напната и морничава со одлична музика која само ја засилува неизвесноста. Tоа можеби и немаше да биде доволно да не беше уверливата глума на главните ѕвезди, Michael DouglasSean Penn и Deborah Kara Unger. Сето тоа заедно прави The Game да биде многу солидно филмско остварување. Режисерот Fincher уште еднаш докажува дека е одличен во тоа што го работи.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.