Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Immortals (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Immortals
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 110 мин.
Главни улоги: Henry Cavill, Mickey Rourke, John Hurt, See full cast & crew
Оценка: 6

Во времето пред да стае пејачка и персона позната пред се по својата задница, Jennifer Lopez беше глумица. Е во тоа време таа играше главна улога во The Cell. Филмот се прослави и стекна своевиден култен статус.  Toj беше препознатлив по визуелниот впечаток кој го оставаше, приказната и сеприсутната доза на бизарност. The Cell секако не беше таков поради J.Lo. но поради генијалниот режисер Tarsem Singh. Кога прв пат се дозна дека Immortals е неговиот најнов проект автоматски стана филм кој не смее да се пропушти.

костимографија

Филм со многу екстравагантна костимографија.

Приказната во Immortals црпе инспирација од грчката митологија па во него ќе ги сретнете грчките богови и ликови како титаните, кралот Хиперион и Тезеј. Сепак, приказната е една од послабите страни на филмов, нешто што беше главен адут во претходните два филма на. Тука и губи најмногу бодови. Од она што се очекуваше се малку бизарниот и суреален тон со навистина чудна и единствена костимографија. Од глумците морам да ги издвојам Mickey Rourke кој беше одличен како злобниот Хиперион Freida Pinto како пророчицата. Двајцата беа добро вклопени во целата атмосфера и прав избор за улогите кои што ги толкуваа!

300

Акција која потсетува на 300.

Приказната за бесмртните не смее да се пропушти пред се бидејќи е едно уникатно аудио-визуелно доживување. На некого можеби ова ќе му заличи на далеку попознатиот 300 меѓутоа имајте на ум дека стилот на Singh кој е тука присутен е создаден многу многу пред 300.

постер

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.