Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed
Етикети за видеово tags

Cutthroat Island (1995)

Година: 1995
Оригинален наслов: Cutthroat Island
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 124 мин.
Главни улоги: Geena Davis, Matthew Modine, Frank Langella, See full cast & crew
Оценка: 7

На времето кога приватните телевизии во Скопје никнуваа ко печурки после дожд, филмов се емитуваше на некои од нив скоро секоја вечер. И ќе излажам ако речам дека не сум го гледал секое прикажување! Авантурите на пиратката Морган едноставно не смееа да се пропуштат. Потрага по богатство, бродови, брканици, мечување и пиратка како главен лик. Како смее тоа да не се гледа!? Cutthroat Island има сосема доволно хумор, акција и интриги што го прават екстра забавно филмче. Главниот лик го толкува Geena Davis а режисерот е познат по неколку култни акции како Die Hard 2, Cliffhanger и The Long Kiss Goodnight.

акција сцена

Акција од почеток до крај!

И покрај сето тоа и на моја голема жал, филмов беше тотален неуспех. Пропаст на кино благајни, дочекан на нож од критичарите а и гледачите се чини дека не го сакаа многу. Сепак, мислењето на гледачите ( оние американските )  ќе го препишам на нивната колективна свест и климање со глава на се што ќе кажат одредени весници, магазини и критичари. Мене Cutthroat Island останува да ми биде еден од најинтересните и најзабавните филмови од детството. Кога се појави Pirates of the Caribbean франшизата и не можев да не правам споредба. Заклучокот ми беше дека сите освен првиот дел беа далеку полоши од Cutthroat Island. Гледајте па пресудете.

постер

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.