Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Rum Diary (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: The Rum Diary
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 119 мин.
Главни улоги: Johnny Depp, Giovanni Ribisi, Aaron Eckhart, See full cast & crew
Оценка: 7

Да беше жив Hunter S. Thompson тој и Johnny Depp сигурно ќе беа најдобри другарчиња. Вака, се што му преостанува на Depp е да ги екранизира новелите на Thompson и да ни го доловува неговите ликови кои се по обичај добро натопени во алкохол. Првиот таков филм беше култниот Fear and Loathing in Las Vegas а вториот е овој, The Rum Diary. Иако е втор, има приказна која временски се случува нешто порано од онаа на Fear and Loathing. Таа е инспирирана од истоимениот роман кој пак е инспириран од животот на  Hunter S. Thompson. Се работи за еден новинар, Порторико, рум, една прекрасна дама и љубовен триаголник со многу непожелно трето теме.

Каков пар!

Каков пар!

Почестени сме со супер глумечка екипа и со многу солидна глума. Покрај Depp, не можам а да не ги споменам Aaron Eckhart, Richard Jenkins, Michael Rispoli и Giovanni Ribisi кои се одлични во портретирањето на ликови кои се колоритни, екстремни и смешни во исто време. Горе споменатата дама ја игра Amber Heard која е занесно убава! Хемијата помеѓу неа и Depp е присутна веќе од првата сцена кога тие двајца ќе се појавуваат заедно и расте до самиот крај. Нејзината убавина е одлична контратежа за остатокот од ликовите кои претежно се алкохолизирани и неугледни.

авантури со Depp

Со Depp никогаш крај на авантурите!

The Rum Diray претставува разблажена верзија на Fear and Loathing in Las Vegas. Кога би бил во негов ранг тогаш би требало да се вика The Heaviest Drugs on Earth Diary. Но тоа и не е така лошо. Миксот на карактери и судирот на убавото и грдото кој е претставен преку нив, прави филмов да е интересен и убав за гледање дури и за пошироката публика. На крајот сепак фали суштина и некоја длабока порака. The Rum Diary останува да биде само интересен, смешен и забавен. Мене ми беше сосема доволно!

постер

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.