Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Iron Man 2 (2010) – Уште пожелезен!

Година: 2010
Оригинален наслов: Iron Man 2
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 124 мин.
Главни улоги: Robert Downey Jr., Mickey Rourke, Gwyneth Paltrow, See full cast & crew
Оценка: 6

Кога единицата е добра, секако дека ќе дојде и двојката. А двојката и враќањето на железниот човек во 2010 го оправда одлична заработка од речиси 630 милиони долари до денес. Основата на филмот е иста од од првиот дел а приказната продолжи онаму каде што беше претходно прекината. Исти се и главните ликови со мали измени а ист е и режисерот. Поразлично е тоа што има повеќе акција и прилично повеќе роботи, железни луѓе, дронови, оклопи или како и да сакате речете ги. Различно е и тоа што Tony Stark веќе и е е така осамен на врвот. Добива доследен пандан како противник во ликот на Whiplash а и добива достоен сојузник, организацијата SHIELD со Nick Fury како главен претставник. Мал заплет во приказната е внесен со фактот што паладиумот што Stark го користи во имплант постепено му ја труе крвта и го убива но тоа беше решено така брзо и лесно што воопшто не го постигна посакуваниот ефект. Барем беше оправдување за ексцентрицитетот на Stark да се доведе до максимум.

Stark and potts

Романсата продолжува!

Кога се глумците во прашање, кон кастингот е приклучен Samuel L. JacksonNick Fury  ) а за главен негативец е назначен грдосијата Mickey Rourke ( Whiplash ). Како маркетиншки трик помала улога и е дадена и на Scarlett Johansson но, по мое мислење, Gwyneth Paltrow во филмов е неспоредливо подобра.

iron-man-2-wallpaper-black-widow-3

Воопшто ми нема појава за акциона хероина!

Ако барате зошто, Железниот човек 2 гледајте го поради одличната акција, солидната глума на Robert Downey Jr. и прекрасната  Gwyneth Paltrow. Не очекувајте нешто поразлично од првиот Железен човек.

ironman2poster

Нема одговори до “Iron Man 2 (2010) – Уште пожелезен!”

  1. [...] Ruffalo Marvel Robert Downey Jr Scarlett Johansson Thor Слични видеа The AvengersIron Man 2 (2010) – Уште пожелезен! The Cabin in the WoodsSherlock Holmes: A Game of ShadowsCaptain America: The First Avenger [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.