Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Big Year (2011) – Големата година

Година: 2011
Оригинален наслов: The Big Year
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Owen Wilson, Jack Black, Steve Martin, See full cast & crew
Оценка: 6

Кога прв пат зборував за филмов, со ваква водечка глумечка тројка и веќе докажан режисер на полето на комедии (The Devil Wears Prada, Marley & Me), предвидував дека ќе биде еден од најголемите комедиски хитови годинава. Епа, погрешив… колку и да не сакам да го признаам тоа. Дури се чудам како ли сум можел да предвидам такво нешто за филм чија главна тематкика се птици?!

За среќа, The Big Year не е лош филм само нема основа за добра заработка. Чуден е, добро изглумен, малку спор а со тоа и сосема поинаков од типичните холивудски комедии. Првиот гратис што го нуди се изобилството добри пејзажи и интерсни краишта а вториот  преубавата Rosamund Pike. Можеби тоа не е доволно да го привлече просечниот гледач но здруженијата на орнитолозите секако ќе го прогласат филмов за лектира. Приказната обработува некои прилично машки теми како желбата за натпреварување и докажување, машката слабост кога се егата во прашање и вечната борба помеѓу повикот на природата и повикот на семејството. Не знам дали приказната соодветствува со онаа во книгата (чиј автор е Mark Obmascik) но тука е прикладно завршена со вистинските вредности како целокупен победник и еден генерално среќен крај.

Men! If they ever stop competing, they die!

Пораката која што може да се извлече на крајот е дека вистинските мажи мораат да знаат како да балансираат помеѓу семејството и желбата за авантура (секако не онаа од прељубнички карактер) за да на крајот сите бидат среќни и задоволни. Секако, до нив мора да постои и вистинска жена која сето тоа ќе знае да го истолерира и во истото да ужива.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.