Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Iron Man (2008) – Почетоците на железниот човек

Година: 2008
Оригинален наслов: Iron Man
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 5 мин.
Главни улоги: Robert Downey Jr., Gwyneth Paltrow, Terrence Howard, See full cast & crew
Оценка: 7

Во 2008 година конечно на големото платно го видовме еден од најголемите стрип херои на Marvel, Железниот човек. Филмот се покажа како огромен успех и кај критичарите и на кино благајните. До овој момент од сите можни извори ширум светот, има заработено речиси 5 пати повеќе од она што беше вложено за неговата изработка или приближно 590 милиони долари. Филмот ги раскажува почетоците на железниот човек. Толку едноставно.

ironman

Robert Downey Jr. како Iron Man

Успехот секако дека е целосно оправдан. Iron Man е забавен, смешен и интересен. Совршен филм за гледање во кино, уште подобар да ви ја разбие монотонијата во недела попладне. Robert Downey Jr. како Tony Stark e смешен, забавен, харизматичен и на одличен начин ја доловува бунтовничката генијалност на еден од најпознатите стрип ликови. Gwyneth Paltrow е едностанвно неоддолива како неговата помошничка/секретарка/симпатија и хемијата помеѓу нив двајца е присутна низ целиот филм. Тоа му дава на Iron Man сосема доволна доза на сензуалност и му помага да не се класифицира како уште една безочна акција. Плус прави да е акционен филм што ќе може и девојка ви да го гледа. Уште еден клучен лик е негативецот кој го игра Jeff Bridges, а сите знаеме дека филм во кој што овој човек се појавил последниве години мора да е добар.

Малку романтики.... RDJ и Gwyneth Paltrow

Го имам гледано до сега 4 пати и се чини дека секогаш кога ќе загалвам во некој креативен процес ќе ми се јави желбата повторно да го изгледам. Има нешто во ликот на Tony Stark што инспирира неверојатно многу. А како не би инспирирало нешто што е помеѓу James Bond, луд научник и суперхерој!

Нема одговори до “Iron Man (2008) – Почетоците на железниот човек”

  1. [...] генијалец изумител оружје суперхерој Слични видеа Iron Man (2008) – Почетоците на железниот човекThe AvengersContagion (2011)Sherlock Holmes: A Game of ShadowsCaptain America: The First Avenger [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.