Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Darkest Hour (2011)

the darkest hour

Година:
Оригинален наслов:
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги:
Оценка: 5

Некако е вообичаено за скопската публика да доцни. Без разлика дали станува збор за театар, концерт или кино голем дел од гледачите секако ќе доцнат. Прикажувањето на Darkest Hour воопшто и не беше исклучок. Привлечени од тазе и за прв пат во Македонијата донесената 3D технологија, гледачите ја наполнија салата до последно место. Секако, тоа последно место се наполни некои 15тина минути подоцна од времето назначено за почеток на филмот. Изгледа сите во државава ни се високо образовани личности (ВОЛови) па доследно го почитуваат правилото на академска четврт. И така, конечно, во салата во која ладно ждири од сите страни и низ неизбежните звуци на `рпање на пуканки, грисини, кубети, пченка и мљацкање на последните остатоци од ручекот или тазе приготвената вечера која некои беа решиле дека е најдобро да ја изедат гледајќи добро филмче, започна Darkest Hour.

И камо среќа тоа измачување и какофонија од разно-разни некултурни звуци да се исплатеше. Приказна е едно веќе многу познато клише. Вонземјаните напаѓаат со цел да ги искористат ресурсите на Земјата а група американски туристи преживеуваат низ улиците на Москва наспроти фактот што се е против нив а особено математичката веројатност да преживеат. Новина е само типот на вонземјаните. Тие се суштества кои се сокриени позади енергетска бариера која ги прави невидливи а се хранат со енергија, електрична, магнетна, електро-магнетна, електростска, животна, секаква.

Филмов е едноставно просечен иако идејата за енергетски вонзем. Нема познати лица или добра глума, шегите тотално не успеваат, акцијата не е восхитувачка а не успева ни да ја искористи којзнае колку добро 3D технологијата. Очекував повеќе од филм кој во својата листа на продуценти го вбројува Тимур Бекмамбетов.

За крај мора да се пофали потегот на кино Милениум што конечно се реши да почне да носи 3D филмови во државава. Искрено се надевам дека нема да им ги испокрадат наочарите и дека во иднина ќе носат се подобри и подобри филмови од овој тип. Hugo на пример.

Нема одговори до “The Darkest Hour (2011)”

  1. [...] и тоа во 3Д. За разлика од претходното мое 3Д искуство,  The Darkest Hour, ова беше значително подобро. Се гледа дека филмов бил [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.