Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Dream House (2011)

dream house

Година: 2011
Оригинален наслов: Dream House
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 84 мин.
Главни улоги: Daniel Craig, Rachel Weisz, Naomi Watts, See full cast & crew
Оценка: 6

И дилично семејство составено од брачните сопружници и нивните две ќеркички се доселува во нивната куќа од соништата. Не поминува долго време пред да се открие дека  нешто сосема не е во ред со таа совршена слика. Сопругот ќе открие мрачна тајна за куќата а тогаш и ќе почнат да ги прогонуваат непознати лица и скришно да се вовлекуваат во куќата. На крајот, излегува дека ништо не е како што оригинално изгледа. Вака од прилика би бил описот или највата без да се открие суштината на Dream House и колку толку да се одржи неизвесноста. За жал продуцентите решиле во трејлерот да откријат ама баш се па ако го погледнете него апсолутно и нема потреба да го гледате филмот.

Dream House има одлични глумци во него.  Daniel Craig, Naomi Watts, Rachel Weisz и Elias Koteas се имаат докажувано на бројни наврати. Осебно тука е добредојдено присуството на  Naomi Watts, која на секоја хорор приказна и дава некој посебен шарм, и на Craig кој глуми оидлично. За жал режисерот  Jim Sheridan  работејќи по сценариото на David Loucka  не успеал да искористи ни грам од нивниот потенцијал. И наместо да ги видиме сите нив во нивнот полн сјај ние гледаме филм кој е преполн со клишеа и со веќе видени идеи. Dream House наликува на било кој друг од многуте различни хорори со куќа во главната улога, има елементи и од Sixth Sense а и од Shutter Island. Сето тоа прави да е предвидлив а случувањата да се очекувани. Кога на тоа ќе се придодаде и трејлерот, кој кажува далеку повеќе отколку што треба, имате целосно уништена неизвесност.

Далеку од од тоа дека ова е ктастрофален филм. Сепак, кога ќе се земат режисерот и глумците во предвид, тој требаше да отскокне далеку над просекот. Наместо тоа  Dream House  останува да биде само уште еден филм кој нема многу долго да се памети.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.