Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

In Time (2011)


Година: 2011
Оригинален наслов: In Time
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 109 мин.
Главни улоги: Justin Timberlake, Amanda Seyfried, Cillian Murphy, See full cast & crew
Оценка: 6

Во светот на In Time времето е пари…. буквално! Луѓето се генетски модифицирани да живеат нормално 25 години. На нивниот 25ти роденден тие престануваат да стареат но затоа имаат само уште година дена живот кој се мери преку вграден поткожен часовник. Целата финта е што единствено платежно средство е времето па часовникот може да се полни и празни исто како и причник со монети. Кога часовникот ќе дојде на нула, лицето умира.

Идејата на сценаристот Andrew Niccol е феноменална и сама по себе е доволна причина да се погледне In Time. Одамна немало вака оригинална премиса за научна фантастика. Некој можеби ќе рече дека е претерана и тешка за верување меѓутоа сепак, станува збор за sci-fi, се е дозволено. Што се однесува до глумците, на релативно неискусните Justin Timberlake и Amanda Seyfried им се придружува нешто посозреаниот Cillian Murphy и би рекол дека се најмалку просечни. Се на се, филмов има една навистина млада екипа која си е на висина на задачата.

За жал покрај тоа што е сценарист Andrew Niccol е и режисер на филмов. Иако до сега во неговата кариера се има докажано на ова поле (Gattaca, S1m0ne) тука сепак има подмашено. Дејствието е пренесено недоволно возбудливо и останува чуството на недореченост и исцепканост. Акцијата не е на ниво а од друга страна ниту суштински не се навлегува во филозофијата на проблемот. Би рекол дека наликува на тинејџ варијанта на Equilibrium во кој ликот што го глуми Christian Bale е многу поуспешно доловен како херој. А баш е жално затоа што и премисата и глумците имаат огромен потенцијал од кој што беше искористено многу малку. Крајот особено ми го расипа впечатокот со тоа што премногу наликуваше на некоја аркадна point-and-shoot компјутерска игра.

На крај иако добро замислиен и визуелно прилично добро изведен, In Time не успева да не снабди со моменти кои што ќе се памтат. Останува желбата за многу повеќе.

2 јавувања до “In Time (2011)”

  1. Maja says:

    jas sum skeptik za filmov, t.e. jas sum skeptik za se sto go vklucuva Justin Timberlake;)

  2. Vlatko says:

    A be ajde… 4 min. za kafe… :) )
    Sala na strana, filmot si ima mnogu jasna poraka…

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.