Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

A Lonely Place to Die (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: A Lonely Place to Die
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 99 мин.
Главни улоги: Alec Newman, Ed Speleers, Melissa George, See full cast & crew
Оценка: 6

Ккласична мачка-глушец приказна но со доволно интересни новини внесени во неа за да направи A Lonely Place to Die да се разликува од многуте слични нему филмови. Приказната е за група планинари кои во оддалечените планини на Шкотска ќе најдат девојче закопано во специјално направена скривница под земја, во среде шума, километри оддалечено од најблиското село. Обидувајќи се да го вратат девојченцето во цивилизација ќе станат цел на истите луѓе ја имале грабнато и сместено во скривницата. Да бидат работите покомплицирани, девојчето не може ништо да им објасни бидејќи не зборува англиски.

Melissa George знаела да се појави во релативно непознат филм и до сега и притоа за изненадување филмот да испадне одличен. Тоа беше основната причина што се решив да го изгледам. За среќа не се покајав бидејќи станува збор за сосема добар трилер. Ме заинтересира уште од самиот почеток со прекрасните шејзажи на Шкотска, сцените со планинарење и добрата камера која останува таква низ целиот тек. Дејствието е интересно и напнато од почеток до крај но на моменти го расипуваат неколку настани кои се далеку од реално изводливи. Сепак, такви моменти на претерување кои се тешки за верување се маана на голем број филмови од сличен калибар и буџет. За пофалба е изборот на глумци кој слободно можам да кажам дека е без грешка. Сите се автентични и имаат солидна изведба особено Melissa George како главниот протагонист. Една би рекол сериозна маана која што морам да ја издвојам е тоа што девојчето кое го спасуваат треба да е хрватка или србинка меѓутоа јазикот што на моменти го зборува јас воопшто не можев да го распознаам. Можеле продуцентите а особено сценаристот да се погрижат да има барем неколку реченици на точен и автентичен српско-хрватски.

Би го препорачал на сите кои сакаат солиден, интересен трилер, сместен во Шкотските висорамнини што е доста поинаква позадина за ваков тип на филм.

Еден одговор до “A Lonely Place to Die (2011)”

  1. Дејан says:

    She’ll always be the lesbian nanny to me.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.