Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Adventures of Tintin (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: The Adventures of Tintin
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 107 мин.
Главни улоги: Jamie Bell, Andy Serkis, Daniel Craig, See full cast & crew
Оценка: 9

Купувајќи макета на едреник од локалниот уличен пазар, истражувачкиот новинар Тинтин и неговото верно кученце ќе бидат втурнати во неверојатна авантура. Ќе се најдат во средиштето на крвна одмазда помеѓу две личности која потекнува уште од стари времиња а која ја започнале нивните предци. На крајот трката е по две цели, да се обели образот на предокот и да се дојде до големото богатство кое лежи скриено некаде длабоко во океанот.

Оваа прекрасна авантура претставува некој интересен микс помеѓу Indiana Jones и Pirates of the Caribbean. Возбудлива е од почеток до крај и не води во различни пејзажи и средини и сето тоа преку многу акција и брканици. За да не биде типична акциона авантура, низ целиот филм се присутни многу хумористични моменти кои најдобро се донесени преку ликовите на Captain Haddock и двајцата полициски иследници. Како огромен плус на филмов е анимацијата од која подобра и немам видено! Неверојатно релано, детално и живописно. Tintin во целост ми ги исполни високите очекувања што ги имав, неговиот квалитет е неоспорен! Како и не би бил толку добар кога режијата е на Steven Spielberg а продукцијата е на Peter Jackson. Тандем од соништата зад камерите!

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.