Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Margin Call (2011)


Година: 2011
Оригинален наслов: Margin Call
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 107 мин.
Главни улоги: Zachary Quinto, Stanley Tucci, Kevin Spacey, See full cast & crew
Оценка: 8

Margin Call раскажува за 36те часа пред почетокот на големата економска криза од пред некоја година. Во голема мера претставува фикција но барем теоретски е базиран на вистнски личност и вистинска фирма (Lehman Brothers). Приказната не навлегува во детали во однос на економската проблематика и не објаснува многу-многу за да разберат и обичните смртници. Сепак ова е филм а не документарец кој пред се се обидува да ни ја долови атмосферата помеѓу големите коорпоративни шефови кои изиграваат богови над обичниот народ.

Ова е еден од подобрите филмови што ги имам гледано последно време. Иако филмот не втурнува директно во средиштето на настаните не треба многу да сфатиме кој е кој и да се соживееме со ликовите. Тие се одлично замислени и уште подобро претставени од феноменална екипа (горе наведените плус Demi Moor и Jeremy Irons). Уште подобро се претставени релациите помеѓу нив. Сето тоа гради една одлична тензична атмосфера особено со постепеното претставување на се позначајни ликови од коорпоративната хиерархија. Дијалозите се паметни и задираат во многу интересни теми.

Крајот за некои можеби бил избрзан но според мене беше сосема одмерен и смислен да има одлична поента.

 

Los Angeles Times: This confident, crisply made piece of work does an expert job of bringing us inside the inner sanctum of a top Wall Street investment bank in extremis, giving us a convincing and coolly dramatic portrait of what it must have been like when titans trembled.

 

Washington Post: Chandor’s film goes a long way toward making understandable – in vivid, cinematic terms – what exactly happened to make that first big domino fall over.

 

Boston Globe: In the case of Jeremy Irons playing the aloof English billionaire who owns the bank, that’s dinner theater. But it’s of the highest caliber.

 

 

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.