Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Contagion (2011)

Contagion

Година: 2011
Оригинален наслов: Contagion
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 106 мин.
Главни улоги: Matt Damon, Kate Winslet, Jude Law, See full cast & crew
Оценка: 6

Сосема непознат вирус почнува да се шири насекаде низ светот со огромна брзина. Вирусот е од сосема непознат вид за наулниците и има голема смртност. Contagion претставува трка со времето за да се најде лек додека сеуште има некој жив на планетата. Кон тоа е додадена и нота на политички трилер со соодветна критика на профитерството на големите фармаколошки компании на денешницата.

Contagion има во себе собрано група на навистина солидни глумци кои си се имаат засебно покажано дека знаат да глумат. Ништо поинакво не е ни тука. Уште поинтересно е што улогите што ги глумат се многу поинакви од оние во кои што сме навикнати да ги гледаме вообичаено.  И покрај тоа, тие се носат одлично со трансформациите и сите се вредни за пофалба. Soderbergh како режисер успева да создаде одредена атмосфера во филмов која е перзистентна од почеток до крај и истата сосема солидно ја гради и спроведува од почеток до крај. Тука нема грешка. Мене лично ми беше проблем самата атмосфера. Некако осеќав дистанца од филмот и не успеав да се соживеам ни да сочуствувам со ниту еден од ликовите. Како да гледав документарец на моменти кој едвај чекам да заврши за да дојдат до поентата. Ми отсуствуваше каква и да е возбуда во врска со случувањата. На тоа надополнуваше и музиката кој со својот електро призвук правеше се да е некако вештачки. На крајот филмов ме остави со некаква чудна нелагодност. Ако тоа било поентата на Soderbergh, не ми се допаѓа.

 

Washington Post: Plays less like a conventional medical thriller – think “Outbreak” – than like a dramatic reading of a “Nova” episode, performed by Hollywood’s elite.

 

The New York Times: Soderbergh’s smart, spooky thriller about a thicket of contemporary plagues – a killer virus, rampaging fear, an unscrupulous blogger – is as ruthlessly effective as the malady at its cool, cool center.

 

USA Today: While potent and well-paced, Contagion doesn’t come together as the fearsome bio-thriller it starts out to be. But it may make audiences twitchy about the guy coughing in the next row.

 

 

Еден одговор до “Contagion (2011)”

  1. Vlatko says:

    mi se dopagja filmot, se soziveav mnogu so individualnata borba za opstanok… a e i edna mnogu dobra poraka za deckite sto si igraat vo laboratoriite… :S

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.