Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Wrong Turn 4


Година: 2011
Оригинален наслов: Wrong Turn 4: Bloody Beginnings
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 93 мин.
Главни улоги: Jennifer Pudavick, Tenika Davis, Kaitlyn Leeb, See full cast & crew
Оценка: 1

Група на пријатели немајќи друг избор ќе се засолнат од снежна олуја во напуштена ментална институција. За жал никој од нив не сфаќа дека зградата има многу опасни жители. Приказната во суштина ни ги открива најраните почетоци на негативците од првите делови.

Глупи луѓе, секс, лезбејки, крв и дегенерици. Тоа е Wrong Turn 4 целосно доловен во само неколку збора. Ова мора да е еден најглупавите, најлошо осмислените и уште полошо изглумените филмови на сите времиња. Нема смисла, логика и поента во ниту една негов момент од самиот почеток па се до горко очекуваниот крај. Од она што некогаш беше Wrong Turn, солиден хорор филм со урбаната легенда за психопатските дегенерици на Западна Вирџинија како главна тема, останале само неколку кофи вештачка крв. За да не се фрлат залудо, некои морони се решиле да снимат наказа од филм што го крстиле како Wrong Turn 4. 

Вообичаено вадам по нешто позитивно од секој филм но тука такво нешто нема. Едноставно Wrong Turn 4 нема апсолутно никаква добра страна. Грд е и одвратен подеднакво како и неговите главни негативци.

 

2 јавувања до “Wrong Turn 4”

  1. Bage says:

    Критиката ти е на место, филмов е ужас од секој аспект, почнав да го гледам и неможев да го догледам до крај, зошто ми беше одвратен:)

  2. Vlatko says:

    a be toa i mu e celta izgleda, ama za glumata stvarno… slabooooo :D

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.