Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Artist

Година: 2011
Оригинален наслов: The Artist
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 100 мин.
Главни улоги: Jean Dujardin, Bérénice Bejo, John Goodman, See full cast & crew
Оценка: ??

Ако ги тргнеш специјалните ефекти, бојата и дијалозите од 99% од модерните филмови на денешницата ќе остане муљ. Ѓубре кое не е достојно за трошење време. Тоа е токму бидејќи денешните филмови се потпираат на трите горе споменати елементи. Глумата, приказната и емоциите се секогаш нешто споредно. Затоа сум благодарен што повремено се правам филмови како The Artist кои ги истакнуваат вистинските филмски вредности. Ова е нем филм за актер во Холивуд во 20тите години на минатиот век, за неговиот подем, пад и сите големи љубови кои што го пратат на неговиот пат.

Можеби сум слаб на црно-бели филмови или едноставно можеби сум слаб на добри филмови но како и да е, овој филм не би сакал да го пропуштам. Верувам дека не би требало да го пропушти ниту еден вистински вљубеник во филмската уметност. Доказ за неговиот квалитет се и петте освоени награди и тоа на фестивалите во Кан, Холивуд, Хемптон и Сан Себастиан.

The Artist ќе започне со ограничена дистрибуција во САД на 23.11.2011.

2 јавувања до “The Artist”

  1. Maja says:

    i jas go nemam uste gledano,ama se plasam deka ke bide film koj retko koj ke go sfati mozda a site ke pagaat u nesvest kako bil dobar…:)

    • Игор says:

      Многу ми е мило за филмов! Мислам дека е прав холивудски филм, како од времето! Како казабланка, појадок кај тифани, граѓанинот кејн… лугево одамна заборавија што е филмска уметност!

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.