Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Flypaper (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Flypaper
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 87 мин.
Главни улоги: Patrick Dempsey, Ashley Judd, Tim Blake Nelson, See full cast & crew
Оценка: 7

Се повеќе и почесто ме бунат големите холивудски критичари. Не можам да им го сфатам критериумот според кој ги оценуваат филмовите. Буџетот? Ѕвездите? Големината на заработувачката? Забавниот фактор? Изведбата на актерите? Не би можел точно да одговорам. Сепак, мислам дека е прилично лошо доколку сите филмови се ценат на една иста скала. Не може акционен филм со буџето од 250 милиони да биде подеднакво добар со филм од 5 милиони долари. Ниту пак може да се споредува трагична драма полна со ѕвезди со евтина комедија наменета за дистрибуција директно на малите ТВ екрани. Би било фер квалитетот на филмот да се цени релативно, според буџетот, жанрот и намената.

Грабеж поинаков од сите претходни!

Баш поради тоа не ми е јасна целата негативност кон Flypaper. Ниско буџетен филм кој е наменет за дистрибуција на DVD и pay-per-view во кој сме почестени со присуството на Patrick Dempsey и Ashley Judd. Приказната во него е за еден сосема невообичаен грабеж. Две групи, едни професионални криминалци а другите типични јужњачки пропалици, пробуваат да ограбат иста банка во исто време а среде тоа, ни криви ни должни, ќе се најде група заложници. Можеби ова звучи хаотично, но верувајте, станува далеку позаплеткано. Брзо по почетокот, филмот се претвора во некоја приказна од Agatha Christie во која не се знае кој е кој и на кого што му е главната цел.

Колоритните заложници!

Можеби филмов не е најдобро изглумен, најсмешен или со најдобри визуелни ефекти или пак но секако е далеку позабавен од тоа како го претставуваат критичарите. Заплетот е подобар од многу филмови со огромни буџети и звучни имиња во позадина. Интересен е од почеток до крај и нуди цел спектар на разно-разни и добро отсликани ликови. Flypaper е правиот избор за луѓе кои не се премногу критички настроени кон филмовите што ги гледаат и едноставно сакаат малку да се разонодат со забавно и интересно филмче.

За крај само едно прашање, кој ќе погоди што е заедничко помеѓу Flypaper и The Lion King?

2 јавувања до “Flypaper (2011)”

  1. Maja says:

    Zvuci interesno, ma da mislam deka ima premnogu filmovi za krazbi do sega. Imam vpecatok deka ima poveke filmovi za krazbi nego krazbi..od kade li crpat inspiracija?:)

    Mene mi se sviga Dempsey, ama nekad znae da glumi u povrakanici (Maid of honor)

    p.s.
    Koga ke doznaeme sto im e zaednicko? Da ne go praat filmov za 20 godini vo 3D?:)

  2. Игор says:

    Никогаш доста од филмови со грабежи! Имам изгледано еден тон и не пропуштам ниту еден! Си носат посебна возбуда со себе! Entrapment, Italian Job, The Thomas Crown Affair …. се кој од кој филмовиве!

    Инаку Dempsey има убедливо најдобра глума од сите во филмов, отскокнува по квалитет.

    P.S.

    за 20 години може 4D ќе измислат! :) )))

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.