Crazy, Stupid, Love. (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Crazy, Stupid, Love.
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: мин.
Главни улоги: Steve Carell, Ryan Gosling, Julianne Moore, See full cast & crew
Оценка: 8

Crazy, Stupid, Love. е по многу што типична холивудска романтична комедија. Сепак, успева да избега од многу клишеа и одреден начин да остави свој траг во жанрот со тоа што ќе биде паметна, вистински емотивна па дури во одредени аспекти длабока. Тоа нешто во последниве години му беше успеало само на Defenitely, Maybe. Интересно, изгледа дека филмовите со чудни наслови и интерпункциски знаци во нив испаѓаат посебно добри!

Приказната во филмов е за Cal (Steve Carell) и Emily (Julianne Moore) кои после долги години брак ќе решат да се разделат откако Emily открива дека имала афера со нејзин колега. Оваа нивна одлука длабоко ќе ги повреди и нив но и нивните деца. Двајцата ќе се обидат да продолжат понатаму со своите животи но нивните универзуми нераскинливо ќе продолжат да се судираат еден со друг. На крајот се ќе кулминира во една изненадувачка и непредвидена експлозија од случувања која и после толку изгледани филмови успеа тотално да ме изненади и убаво да ме насмее. Завршницата беше сепак холивудска, релативно среќен крај и насмеани лица! Но зашто и не би била? Ова сепак е комедија чија основна задача е да насмее и да расположи. Се друго е само гратис.

Left Right

 

Од гратиси филмов има што да понуди, особено кога е глумата во прашање. Тука секоја чест морам да и искажам на женскиот дел од екипата, беа одлични. Julianne Moore, Emma Stonе и Marisa Tomei се нетипични но сепак прекрасни, секоја со многу шарм и харизма кои не можат а да не ја допрат публиката. Julian Moore е солидна како и во секој филм во кој ќе се појави иако немаше што многу да изглуми овде. Emma Stonе е многу секси во нејзината наивност и едноставно девојкава станува се понеодоллива и покрај нејзината заблеста насмевка и малку машки зарипнат глас. Што се однесува до Marisa Tomei, можам само да жалам што немаше нешто поголема улога во филмов.

Што се однесува до мажите, Steve Carell за прв пат гледам дека се обидува дека глуми. Не дека му успева, ама за пофалба е и самиот обид. А за господинот Ryan Gosling веќе зборував и не би се повторувал, истото безизразно лице го има и во овој филм. Мислам дека во неговата улога далеку подобро би се снашол еден друг Ryan, Reynolds по презиме. И тој е плав, и тој ги има истите фотошоп стомачни, само што има и тон харизма повеќе.

Ако треба да споредам би рекол дека ова е некоја лајт варијанта на American Beauty, без насилството, дрогата, убиствата и сите настраности. Crazy, Stupid, Love. е фин семеен филм кој знае да го згрее срцето и да потсети на некои убави семејни вредности кон кои треба да се држиме и во најтешките моменти. Уште еден гратис е и добрата музика, trip-hop, indie-pop убав микс се на се.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.