Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Drive (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Drive
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 100 мин.
Главни улоги: Ryan Gosling, Carey Mulligan, Bryan Cranston, See full cast & crew
Оценка: 4

Со оглед на тоа што беа прилично популарни, мора да знаете некоја од оние рок песни препеани како мекани, благи поп балади. Нешто што порано звучело моќно и полно со енергија сега е умртвено и нединамично. Точно дека е истиот текст, ритам па дури и мелодија но сето тоа е разлигавено до тој степен што губи смисла. Drive е слична приказна.

Изразот на лицето на Gosling не се менува низ цел филм. Ни кога си ја поправа колата.....

Се работи за професионален каскадер кој сосема случајно, пробувајќи да и помогне на одредена девојка, се наоѓа во средиштето на милионски грабеж. Тоа ќе направи патиштата да му се вкрстат со оние на мафијата кои патем речено се поплочен со многу убиства и моменти на налудничаво насилство. Се чини дека ова е совршен заплет за акција. Но Drive е се освен акција!

... ни кога оди во самопослуга....

Темпо скоро и да нема, да е филмов човек и некој да проба да му го опипа пулсот сигурно ќе помисли дека е одамна мртов. Обично таква атмосфера во други филмови се користи да посочи дека станува збор за сон а не за реални случувања! И тогаш, во моментите кога се случува нешто што е акција по дефиниција и што треба да ја зголеми возбудата, се појавува музиката која е сосема промашена тема. Воглавно претставува trip-hop и indie pop и истата прави да се чуствувате како да сте во реклама за најновиот downer или халуциноген а не во акционен филм. На филмов не му помага ни присуството на Ron Perlman чија појава секогаш имала голем ефект во филмовите во кои глумел!

.... ни кога и се пушта на девојката....

И не можам да не се вратам на почетната споредба со трендот на музички преработки. Филмов е како текст од Cannibal Corpse да го врзете на детска мелодија и да го дадете некој да го испее на Златно Славејче. Не знам која му била поентата на режисерот, најверојатно сакал да воведе „уметност“ во акциониот жанр и филмов да добие некој artsy нагласок. Но нека ми извини, ама не е фер да ти се рекламира филм со грабежи, брканици и убиства а наместо тоа да добиеш повраќаници во забавена снимка.

... ни кога се припрема за грабеж....

Drive ми е уште еден показател дека фелата на критичарите дејствува строго под наредби и е сериозно потплатена. Како, како ли е само можно Е Д Н О Г Л А С Н О сите да се сложат дека ова е феноменален филм?! Само 3 или 4 релевантни извора му доделија негативни критики. Не е тоа здраворазумски. Што? Наводно Ryan Gosling бил феноменален?! Ма апсолутен почетник може да изигра безизрано лице и спорост. Нема тука глума и ништо што е за пофалба.

... ниту пак кога го врши клучниот животен преговор со шефот на мафијата!

Drive ми беа најзалудно потрошени 100 минути во животот и го колнам моментот кога седнав да го гледам. Фудбалска утакмица што за 90 минути не се случува шут на гол а гол паѓа во 93та минута. Мизерија! Headbang! Facepalm!

Нема одговори до “Drive (2011)”

  1. [...] за пофалба е и самиот обид. А за господинот Ryan Gosling веќе зборував и не би се повторувал, истото безизразно лице го има и [...]

  2. [...] со Drive. И тој имаше одличен трејлер па на крај испадна катастрофа. Во спротивно, Martha Marcy May Marlene има одличен потенцијал. А [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.