Supernatural S07E04

Година: TV Episode 2011
Оригинален наслов: "Supernatural" Defending Your Life
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 43 мин.
Главни улоги: Jared Padalecki, Jensen Ackles, Jim Beaver, See full cast & crew
Оценка: 7

Откако петтата сезона на феноменален начин заопкружи пет одлични години од серијалов помалку и беше изненадување кога објавија дека ќе има и шеста сезона. Изненадување не поради друго но поради тоа што приказната навистина заврши и иако малку трагично сепак …. заврши! Сепак, шестата сезона беше изненадувачки добра и можеби една од највозбудливите до сега.

Каде шеста нормално таму и седма. Но за разлика од претходните оваа сеозна започнува доста лошо. Главните непријатели на Sam и Dean изгледа ќе бидат левијатаните на кои со оригиналните митолошки суштества единствено заедничко нешто им е името. Секогаш ме разочаруваат вакви моменти на непоклопување со фактичката митолошка состојба што ја познаваме.

Четвртва епизода нема ни со нив врска. Би рекол класична епизода на мачка и глушец каде главниот непријател им е египетски бог. Sam, Dean и Bobby рутински се справија со него и притоа имаше многу малку развој на ликови и апсолутно ништо не се дозна за главната приказна.

Тоа е, за нешто повеќе ќе се стрпиме до петок (21.10.2011).

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.