Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Colombiana (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Colombiana
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 108 мин.
Главни улоги: Zoe Saldana, Michael Vartan, Callum Blue, See full cast & crew
Оценка: 6.5

Colombiana беше еден од првите филмови за кои пишував на Што да гледам? и еден од филмовите кои со нетрпение ги очекував. Сега откако конечно го изгледав можам да кажам дека и со право. Приказната е за мало колумбиско девојче кое ќе биде сведок на убиството на нејзините родители па кога ќе порасне ќе се одмаздува. Многукратно.

Во главната улога е прекрасната Zoe Saldana која ни е позната меѓу другото како младата Uhura од Star Trek. Убавината која таа ја носи со својот изглед е надополнета со нејзиниот талент но и со препознатливата акција на Luc Besson. Оваа комбинација прави Colombiana да е паметна, интересна акција со доста возбуди која меѓу другото е и пријатна за очи. Освен Zoe, би рекол дека и другите глумци се доста добро избрани и така уверливи во ликовите кои што ги играат. Дејствието шета од Колумбија до различни градови на САД но секогаш со проткаен латино елемент.

Zoe Saldana

Colombiana не носи ништо ново ниту оригинално. Се е добро познато, и приказната за одмазда по стари години, и илјадници приказни со колумбиски нарко босови, и латино саундракот и потфатите кои се на граница на невозможно. Би рекол дека е некаков микс од Die Hard, Desperado и Leon. Сепак, сето тоа е така фино спакувано тука што и не смета многу што веќе се е видено. Секако не постигнува wow ефект но е филм кој треба да се погледне особено од љубителите на акција.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.