House S08E02

Со оглед на тоа што одредени серии ги пратам редовно ќе пробам после секоја, навремено, да пишувам по некој збор за епизодите. Ќе почнам со една од моите најомилени серии која ја пратам редовно од епизода број 1.

Во првата епизода од осмата сезона го видовме House во затвор после оној упад што го направи во куќата на Cuddy во финалето на седма сезона. И откако таман помислив дека ќе видиме повеќе епизоди во затвор, ликовите беа одлично креирани и односите помеѓу нив беа доста интересни, уште на самиот почеток од втората епизода House се враќа на своето работно место.

Со оглед на тоа што некако замира серијалов последниве сезони логично е што се обиделе за покрупни промени. Како прво Cuddy повеќе ја нема, Foreman е директор на болницата а тоа може да значи само пекол за House. Уште веднаш дознава дека ќе работи за минималец и тоа во нова канцеларија која повеќе на ликува на шпајз. Најлошото е тоа што тимот му е заменет со др. Chi Park, стажантка која повеќе личи на јапонска кукличка отколку на доктор, како што и сам ќе каже. Чуден ми е нејзиниот избор, не изгледа ниту привлечно ниту паметно а уште помалку интересно. Фали и она најважното, детето не глуми како што треба, ми изгледа премногу вештачко и како со крајни маки да го изговара секој медицински термин.

Ќе видиме како ќе се одвива приказната во оваа нова средина. Единствено нешто што можам да претпоставам е дека докторката од затворот што ја видовме во првата епизода ќе биде нов член на тимот на House. Иако пробуваат измени сепак мислам дека треба нешто многу повеќе од ова да го врати House на ниво на кое што беше првите 4 сезони.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.