Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Captain America: The First Avenger (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Captain America: The First Avenger
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 124 мин.
Главни улоги: Chris Evans, Hugo Weaving, Samuel L. Jackson, See full cast & crew
Оценка: 6

По долго време се решив пак да одам во кино Рамстор. Последниот пат кога го гледав X-Men Origins: Wolverine ми изгледаше дека гледам филм на кино снимка… во кино, што и морам да признаам дека не беше некое многу пријатно доживување. Ништо не беше подобар почетокот ни овој пат, го беа згрешиле форматот на сликата па делот со преводот се јавуваше некаде на подот. Но тоа е. Сепак филмовите се наменети за да се гледаат во кино и не можев а да не отидам особено поради тоа што чуствувам се поголема грижа на совест поради стотиците искористени торенти од моја страна.

Оригиналниот лик датира од 1941 година

Captain America е уште една екранизација на стрип од Marvell универзумот. Приказната е за војникот Steve Rogers. Откако бројни пати ќе биде одбиен како регрут за американците во втората светкса војна, пред се поради неговата физичка слабост, ќе биде забележан од докторот Abraham Erskine кој работи како истражувач за американската влада. Тој ќе го подложи на успешен експеримент со кој по пат на лекарства и зрачења Rogers ќе биде трансформиран во супер човек со неспоредливо поголема физичка сила и спремност од кој било друг жив човек. Така ќе се роди првиот одмазник.

Филмов е далеку од она што го очекував, особено бидејќи официјалниот трејлер прилично ми ги беше подгреал надежите. Chris Evans во улогата на Captain America е секако под знак прашалник. Некако ми ја нема харизмата за суперхерој. А изгледа каков херојот, таква и девојка му. Така ниту главниот женски лик Peggy Carter игран од Hayley Atwell не ми остави каков и да е позитивен впечаток. Единствен лик кој беше погоден е оној на Red Skull, одлично концепиран и изглумен од Hugo Weaving. Прав негативец би рекол.

Малку WWII и во Бруклин

Искрено не ми е јасно како филмов може да има превисоки 78% на Rotten! Дали дека е Marvell филм, и тоа претходник на нешто што изгледа ќе биде долга серија на Avenger филмови, па мора да биде пофален?! Не знам каде ги гледаат позитивностите. Нема доволно добра акција, ликовите се неразвиени во целост а за релациите помеѓу нив и да не спомнувам. Љубовниот момент помеѓу Captain America и Peggy ми е еден од таквите пропусти. Само што едниот е главен женски а другиот машки лик не значи дека треба да завршат заедно! Фактот што нивните лица најчесто се појавуваат во кадар не значи дека тие двајца си одговараат. Сите што работеле на филмов тотално заборавиле на нешто што се вика Х Е М И Ј А. Изгледа единствена хемија во филмов е онаа што Rogers го претвори во Captain America.

„Вљубената“ двојка

Луѓето кои имаат и најмала аверзија кон САД подобро да го пропуштат филмов затоа што ќе им биде преку глава од уште еден филм во кој Холивуд ја пумпа американската доминација во ненормални размери. Ми се чини дека Captain America во ниту еден момент во филмот не беше во каква и да е опасност. Не му беше загрозен животот, не беше ставена под прашалник неговата шанса да успее, се прашувам дали воопшто доби некаков удар во цел филм. Каде е забавата во тоа? Каде е неизвесноста? Згора на се, крајот е апсолутно мизерен. Ај што е оставен широко отворен но е избрзан и на моменти многу нелогичен.

Еден од ретките филмови во кои сум навивал за негативецот! А и зашто не би?! Сепеак се сврте и против Хитлер и против американците!

Ако за американските критичари солидно остварување е двочасовен американски его трип на големите екрани, тогаш можам да разберам зашто дури 78%. Од мене овој, ништо повеќе од просечен, филм може да добие само 6 и ништо повеќе.

Нема одговори до “Captain America: The First Avenger (2011)”

  1. [...] се појави првиот одмазник логично беше да следат и сите останати. Лично [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.