Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

The Hunger Games

Според паниката што се крева околу овој филм, и според демографската заедница што тоа го прави, ова изгледа ќе биде новиот Twilight. Работен според книга, веќе предодреден да има најмалку три дела, The Huger Games е постапокалиптична приказна за општество во колапс во кое главна забава се игрите на лов што се одржуваат еднаш годишно. Клучниот момент во приказната е тоа што натпреварувачите се ловат меѓу себе.

Познато? Видено? Неинтересно? Клише? Да, да, да и да. И не знам зашто целата паника околу филмов. Тинејџериве треба малку да се запознаат со филмската историја. Ова е веќе премногу пати направено. Ако треба веќе да го изберам можеби најдобриот филм од овој тип тоа секако би бил јапонскиот Battle Royal.

Главни улоги се Jennifer Lawrence, Josh Hutcherson и Liam Hemsworth. Режијата е на Gary Ross а премиерата е на 23.03.2012.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.