Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Casino Royale (2006)

Година: 2006
Оригинален наслов: Casino Royale
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 144 мин.
Главни улоги: Daniel Craig, Eva Green, Judi Dench, See full cast & crew
Оценка: 8


За овој 21ви James Bond филм има да се посочат толкуи многу тривијалности што би било и лудило да почнувам со оглед на тоа што ова треба да биде само кусо претставување. Затоа ќе следат само неколку поважни ситници. Ова е првиот James Bond филм во кој главната улога ја толкува Daniel Craig. Првиот James Bond филм кој е целосно направен по новела на Ian Fleming по пауза од 27 години. Ова е почетокот на приказната на James Bond, новелата по која е работен всушност е првата новела во која се спомнува името на тајниот агент.

Eva Green е многу нетипична но верувам Bond девојка која долго ќе се памти

По многу што ова не е типичен James Bond филм (главниот јунак е плав, не пие мартини и не вози Астон Мартин) но тоа не го прави филмот ни малку полош од сите претходни. Напротив, според мене ова е најдобриот James Bond филм до сега. Освежувањето што го донесе беше пријатно, долго очекувано и се чини неопходно да ја оживее возбудата околу 007. Акцијата е одлична, приказната доволно сложена, главниот негативец доволно негативен а Craig феноменален во улогата, и покрај тоа што е плавуш. Згора на се, овој филм е поголема љубовна приказна дури и од многу други филмови што се прокламираат како такви па секако ќе и се допадне и на понежната публика.

Ова е Bond пред да ги научи сите лекции за жените

Деветте BAFTA номинации, повеќе од кој и да е Bond филм претходно, доволно зборат за квалитетите на Casino Royale. Одлично направена шпионска акција со многу брканици и љубовни страсти. Најдобро од 007 до ден денешен.

 

 

 

2 јавувања до “Casino Royale (2006)”

  1. [...] Боливија вода нафта разузнавање шпион Слични видеа Casino Royale (2006)Balkanski spijun (1984)Cowboys & AliensSpy Kids 4: All the Time in the WorldThe Girl with the [...]

  2. Maja says:

    filmov go gledav pred 2-3 dena i procitav deka ovoj bond (casino royale) e inspiriran od taen agent po ime Dushko Popov;)

    • Игор Стојановски says:

      Така е, така е. А со оглед на тоа што Casino Royal е првата книга од Ian FLeming, тоа би значело дека и сите понатамошни појавувања на James Bond се инспирирани од Д.Попов.

      Со други зборови, James Bond е македонец!!! :) )

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.