Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Immortals

За Immortals веќе имав претходно спомнато но само како вест и постер за филмот. Сега конечно имаме и целосен трејлер. Од првичните коментари најчесто е мислењето дека ова е чиста копија на 300. Точно е дека има многу сличности, сепак станува збор за истите продуценти, но јас не би се сложил во целост. Кој ги знае претходните филмови на режисерот Tarsem Singh веднаш ќе може да примети дека Immortals си носи многу од неговите типични режисерски обележја. Не е копија ако одредени карактеристики пренесуваш од филм на филм. Само нека ви текне на Scorsese.

Без разлика што и да се зборува јас некако верувам дека ова ќе биде солиден филм. Во најмала мера нема да му има рамен во поглед на визуелната претстава. Tarsem тука владее доста добро. Премиерата е на 11.11.11 а до тогаш ни останува само трејлерот.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.