Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

X-Men: First Class (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: X: First Class
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 131 мин.
Главни улоги: James McAvoy, Michael Fassbender, Jennifer Lawrence, See full cast & crew
Оценка: 8

Доколку Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides е пример за тоа како да се уништи една франшиза тогаш First Class е тотално спротивното. Филмов дава совршено добар рецепт за тоа како да се оживее и освежи еден серијал и како на најдобар можен начин повторно да се привлече вниманието на публиката.

Почеток на едно долго (не)пријателство

Дејствието е сместено во периодот на студената војна и ни дава алтернативна верзија на историјата во која кубанската нуклеарна криза е во голема мера предизвикана и контролирана од за тоа време непознати мутанти. Луѓе со натчовечки способности чие мистериозно постоење постепено започнува да се пројавува насекаде низ светот. Преку приказнава, ни се претставени почетоците на сите ликови од претходните неколку филма. Дознаваме за тоа како настанале Professor X, Magneto, Mystique, Riptide, Beast па дури и Cyclops. Притоа се разработени и одлично објаснети сите комплицирани релации помеѓу ликовите за кои до сега имавме многу малку дознаено од претходните делови.

Тимот X, бета верзија

Изборот на глумци е многу на место. Се чини нема некој кој што не припаѓа во улогата во која што е сместен. Особено морам да потенцирам колку добри беа James McAvoy како Professor X, Michael Fassbender како Magneto и Jennifer Lawrence како Mistique. Првите двајца неверојатно многу потсетуваат на нивните постари верзии (Patrick Stewart и Ian McKellen) и по глумата но дури и по изгледот. Сето тоа е благодарејќи на фактот што поминале доволно време во анализа на претходните делови но бил најмен и специјалист по X-Men тематиката кој требало да им ги објасните во детали карактерите што ги играат. Уште еден глумец кој мора да се истакне е Kevin Bacon кој е феноменален како главниот негативец.

Bacon мора да бил многу среќен со изборот на January Jones како негова партнерка во филмот

X-Men: First Class завршува феноменална задача на сите полиња. Претставува одлично заживување на X-Men серијалот и притоа ги задоволува и филмските гледачи и љубителите на оригиналните стрипови. Издржан е и во поглед на приказна и во поглед на глума а мааните кои можат да се најдат не се доволно важни за да бидат спомнати. На крај, акцијата, визуелните ефекти и сите мутанти во акција, секој со своите способности, прави X-Men: First Class да биде филм кој не смее да се пропушти.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.