Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 20 мин.
Главни улоги: Johnny Depp, Penélope Cruz, Ian McShane, See full cast & crew
Оценка: 5

Четвртото продолжение на пиратската франшиза за прв пат останува без режисерот Gore Verbinski. Покрај него фалат и некои познати лица како Kiera Knightley и Orlando Bloom. Како компензација, на нивно место е донесена Penélope Cruz како неизбежниот женски елемент. Сепак, се чини дека сите направени измени не само што не успеваат да го спасат од тонење пиратскиот брод туку напротив, се повеќе го влечат кон дното.

Во ова продолжение целта на капетанот Jack Sparrow е да го пронајде изворот на младоста кој ветува вечен живот. За да бидат комплицирани работите не само тој трага по изворот. Така филмот се претвара во трка и борба за тоа кој попрво ќе дојде до изворот на вечниот живот. За жал приказната не е ниту добро осмислена, ниту оригинална а уште помалку интересна. Речиси и да не се прави никаква конекција со претходните делови, како ова да е сосема нов филм, па се губи чуството на приказна која веќе тече цели три дела. Многу важни моменти кои се претставени во ова продолжение исто така не се објаснети во целост. Ако продуцентите мислеле дека тоа ќе не држи во неизвесност и дека ќе не натера да погодуваме се излажале, моментот едноставно нервира!

Дијалозите се неинтересни и плитки а акцијата речиси непостоечка. Од тој аспект единствено нешто што може да се издвои е  борбата со сирените. И да, фала им што ми ја уништија претставата за прекрасните, мили и навни суштества од морските широчини. Никој повеќе нема да гледа на малата сирена на истиот начин. Дизни сам себе заебал.

Astrid Bergès-Frisbey како малата сирена е една од поубавите страни на филмов.

Што се однесува до актерите, уште едно промашување. Очигледно беше дека не го прават ова од љубов туку за хонорар. Ентузијазмот од претходните делови тука е непостоечки. Дури ни Johnny Depp како капетанот Jack Sparrow го нема откачениот шарм што беше дефинирачки за него. Сите останати, иако прекрасни глумци, останаа со целосно неискористени потенцијали.

На крај на филмов ќе му дадам 6ка строго поради тоа што е аудио-визуелна авантура која не смее да се пропушти и поради ништо друго. Ако веќе морате да гледате пиратски филм јас Cutthroat Island многу потопло ви го препорачувам.

Нема одговори до “Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides (2011)”

  1. [...] Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides е пример за тоа како да се уништи една франшиза тогаш [...]

  2. [...] строго детски се мешаат и на пазарот на возрасните (Pirates of the Caribbean) и притоа сериозно зезнуваат работа. Сепак, за The Odd Life of [...]

  3. [...] ми беше дека сите освен првиот дел беа далеку полоши од Cutthroat Island. Гледајте па [...]

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.