Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Fast Five (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Fast Five
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 130 мин.
Главни улоги: Vin Diesel, Paul Walker, Dwayne Johnson, See full cast & crew
Оценка: 8

Кој е рецептот за добар акционен филм? Интересна приказна но не премногу заплеткана инаку нема фокусот да биде ставен на најважниот елемент, а тоа е самата акција. Поради тоа што таа е најважниот елемент значи потребно е многу оружје, пукотници, добри коли, брканици и уништување без пардон. Притоа, законите на физиката и други ограничувања на реалноста не мора да се почитуваат во целост. На крај, потребни се уште два елемента. Потребен е акционен херој во права смисла на зборот и потребни се жени. Добри, згодни, полуголи или голи жени и најчесто сцени на секс со истите. Е сега, кога веќе ги имаме сите потребни елементи можам слободно да кажам дека Fast Five е близу до совршената акција бидејќи скоро од се горе наведено има во сосема доволна количина.

Бандата!

Приказната од почеток до крај се одвива во Рио. Don, Mia и Brian бегајќи од една невоља запаѓаат во нова многу поголема. Се замеруваат со главниот бос на бразилското подземје и како знак на одмазда ќе се решат да го олеснат за 100тина милиони долари. Ај што е бос, ај што е сумата голема него најголемиот проблем е што парите се чуваат во сред полициска станица. Згора на се по нив трага и агентот Luke Hobbs (Dwayne Johnson) кој е сосема нов лик во Fast and Furious серијалот. Приказната како таква не е којзнае што но сепак нуди одлична основа за многу акција која во филмов беше максимално искористена.

Fast Five изобилува со акциони сцени и ја има досега една од најдобрите автомобилски брканици на сите времиња. Кон убавината придонесува и самиот Рио со својата разнобојна и разнолика сценографија. Му дава на филмот одредена егзотичност и колоритност што фалеше до сега. Во средиштето на целата таа акција се појавува уште еден момент кој со цела скромност јас сепак морам да го наречам легендарен. Тоа е дуелот помеѓу Don и Luke т.е. помеѓу Vin Diesel и The Rock! Тоа му доаѓа како судир на титани од епски пропорции. Ниедна друга акција не може да се пофали со нешто такво.

Don vs. Luke

Жените во филмов не се познати на име, но што им фали во слава го надополнуваат со изглед. Тоа се Jordana Brewster, Elsa Pataky и Gal Gadot. Од нив само Jordana ја знаеме од претходните делови. Е сега, секс нема. Но тоа можеби е и позитива. Обично евтини филмови вклучуваат еротски сцени со цел да се продадат подобро. Fast Five ако немаше проблеми со нешто тоа секако беше со продажбата. Заклучно со 7 август има заработено $209,805,005 и речиси двојно успеа да го поврати буџетот.

Најблиску што филмов доаѓа до уличното тркање.

Како негативна страна на филмов можеби некој ќе го стави фактот што акцентот е поместен од автомобилите на самата “работа”. За разлика од другите делови тука речиси и да нема погледи под хауба, модифицирани возила и типични улични трки. Акцентот е целосно ставен на акцијата а не и на средствата за акција. Сценариото иако, можеби најдоброто до сега во франшизата, е доста сиромашно со дијалог, досетки и смешни моменти. Би било фино да можеше да се памти филмов и по нешто друго освен по безумната акција. За крај само ќе напоменам да не барате логичност во многу моменти низ филмов, особено не логика поврзана со законите на физиката затоа што нема да ја најдете. Не е тоа поентата. Поента му е покачување на адреналинот во кое успева 100%!!

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.