Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Bad Teacher (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Bad Teacher
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 92 мин.
Главни улоги: Cameron Diaz, Jason Segel, Justin Timberlake, See full cast & crew
Оценка: 3

Bad Teacher раскажува за тоа како една глупа, плитка, манипулаторска спонзоруша која за жал работи како учителка, лесно си поминува низ животот користејќи ги своите лоши начини. Со други зборови, приказна која раѓа желба да им ги отсечеш прстите на сценаристите за да не можат повеќе да пишуваат вакви глупости. Како воопшто можеле да напишат филм која ги испраќа сите погрешни пораки до публиката. И после се чудиме зашто нашето општество морално деградирало. Па нормално кога на широката публика и се пласира ваков шунд. Врв на се беа референците со неспоредливо подобриот Dangerous Minds од 1995!

Daisy Duke?

Знам дека е R rated ама да не се шалиме, кое дете ќе оддолее да изгледа филм што се вика Bad Teacher?! А од него може да се научи дека дрога, брак од интерес, крадење, мамење, прељуба и што ти уште не е сосема дозволено доколку не те фатат. Наречете ме штребер ама тоа Ви е еден огромен куп на смрдливо ѓубре.

Што се однесува до глумата и не можам да се пожалам којзнае колку, освен на Jason Segel. Тој човек едноставно не знае да глуми. Потроши се што имаше до втората сезона на How I met your mother и толку, крај на приказната. Justin Timberlake за чудо некое беше солиден во улогата на неговиот одвратен лик. Дури успеа да одглуми дека пее катастрофално лошо што верувам доста тешко му паднало. Cameron Diaz колку и да сакам да ја искудам, не можам. Изгледа апсолутно феноменално за нејзините 125 години а и улогава на глупача ептен и легна. Некако природно и дојде да игра манипулаторка, лигла и спонзоруша. Супер од нејзина страна.

Не дека не е добра! Само што е лоша!

За крај ми останува само неостварената желба за паметна и интелегентна комедија која истовремено ќе испрати порака до публиката од општочовечки и вонвременски размери. Или не мора ни тоа, само нека ме насмее повеќе од три пати.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.