Вметни го видеово close
Сподели го видеово close
bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark bookmark
embed тест
Дај оценка embed

Super 8 (2011)

Година: 2011
Оригинален наслов: Super 8
Режија:
Сценарио:
IMDb oценка:
Времетраење: 6 мин.
Главни улоги: Elle Fanning, AJ Michalka, Kyle Chandler, See full cast & crew
Оценка: 8

Дали постои човек на планетава кој нема чуено за J.J. Abrams? Ако постои сигурно тој човек нема гледано ниту една од сериите Lost, Alias и Fringe ниту пак гледал филмови како Mission: Impossible III, Armageddon и Star Trek, сите креации на неговиот генијален ум. Овој пат, со Spielberg како продуцент ни го носат Super 8, одлично смислена научно-фантастична авантура со релативно непозната глумечка екипа. Приказната е за група основци кои снимаат аматерски филм за да учествуваат на фестивал. На едно од нивните ноќни снимања сосема случајно ќе снимат излетување на воен воз од шини и ќе се најдат во средиштето на целата голема несреќа. Она за кое тие не се свесни на почетокот е дека во возот се пренесува суштество кое не е од нашата планета кое токму во тој момент ќе биде пуштено на слобода.

Младите филмаџии....

Фактот што нема познати глумци во филмов е можеби една многу среќна околност. Недостатокот од ѕвезди прави сите максимално да се залагаат и да дадат се од себе во обидот да бидат најдобри што може да бидат. Детската екипа е прекрасна. Сите одглумеа супер, беа и смешни и интересни и многу забавни. Меѓу нив е и единственото име кое е релативно попознато во светот на филмот. Тоа е Elle Fanning инаку сестра на далеку попознатата Dakota Fanning.

... возбудливи ...

J.J. Abrams секако одлично си ја завршил работата за што добива потврда подеднакнво, и од гледачите и од критичарите. Филмов има интересна и оригинална приказна која нема претенциозни и глупави моменти и постепено се одмотува до самиот крај. Притоа содржи и доволно акција и специјални ефекти за сето тоа да биде доволно динамично и да е во тек со воспоставените стандарди кои веќе бараат задолжителен CGI во секој можен филм. Како врзивно средство на се тоа се добро искреираните карактери со кои публиката лесно може да се поистовети и да сочуствува. Ако морам да најдам забелешка на филмов тоа сигурено ќе биде фактот што вонземјанинот предолго се криеше во филмов. Во целост може да се види дури на крајот. А пред тоа следеше некако избрзан расплет на ситуацијата. Иако е доста долг филмов, јас би му додал уште дополнителни 10тина минути пред крајот за комплетирање на целината.

... и оригинални!

Навистина ми е мило што некој се нафатил на ваков филм. Мојата генерација растеше со Goonies, некои подоцни со Палавковците а денешниве со кои детски дружини се поистоветуваат? Фалат филмови во чија основа е дружбата и кои носат пораки на љубов и пожртвуваност. Овој делумно, но сосем доволно, припаѓа во таа категорија на филмови што е секако достојно за поздрав и добра оценка.

Коментирај

Мора да си логиран за да коментираш.